Овојпат од големото богатство на народни верувања го издвојуваме следниот совет , како да се заштитиме од злобните соседи, од црна магија, негативна енергија, несреќа и баксузи…

Верувањето вели, дека не само што билката Чувар куќа е неверојатно полезна за здравјето, туку таа може да не’ заштити и од различни негативни сили.

Само да се потсетиме, оваа билка може да расте и на најнеповолно тло, па дури и на кровови од куќа.

Јадење по еден лист секојдневно може да штити и лекува од дијабетес, а заедно со медот се добива лековита смеса за топење на цисти, регулирање на бројни дисфункции во организмот…

Може да се јаде значи свежа, во салати, а кога боли уво може да се капне сок, или при калуси и жуљеви да се става како облога.

Кога боли желудник, ставете 41 лист од чувар куќа во еден килограм мед. Кога ќе отстои 20 дена, пред појадок, јадете по една лажица од оваа мешавина.

Но, она што е инересно,е тоа што народот отсекогаш верувал дека оваа билка штити и од злобните и завидливи соседи, како и од несакани луѓе кои влегуваат во нашиот дом со зла намера за да ни напакостат. Веројатно, така оваа билка го добила своето име ЧУВАР КУЌА.