Мед со млади зелени оревчиња за бронхитис и други болести

Loading...

За сите белидробни болести:

Потребни состојки:

20 оревчиња
500 г мед

Постапка:

Младите оревчиња добро се мијат, се бришат, се сечат на четвртинки и се редат во тегла, па се прелеваат со мед. Теглата добро се затвора и се остава да отстои еден месец.

При сечкањето најдобро е да носите ракавици за да не ви се обои кожата на прстите зошто подоцна тешко се отстранува.

Кога ќе отстојат оревчињата пуштаат темна боја и медот станува речиси црн и на крајот се добива темен сируп. Се консумира по една лажичка дневно, не треба да се претерува, бидејќи содржи јод, а прекумерно количество може да ја поремети работата на тироидната жлезда.

Младите зелени оревчиња (Juglandis immaturi fructus) содржат големо количество на витамин Ц и други витамини и фенолни соединенија, а добиениот мед им се дава на хронично болни луѓе, на слебички деца и слабокрвни.

Од овој мед се приготвува и многу лековита ракија за прочистување на црниот дроб, желудникот и крвта.

Се применува за подобра работа на штитната жлезда, за болести на грлото и респитарониот тракт, особено бронхитис, за зголемување на имунитетот…

Loading...