ТЕМПЕРАТУРА И НАСТИНКИ

При високи температури се пие чај од босилек подготвен од листовите. Една лажица сув босилек се прелива со 250 мл врела вода, да отстои 10 минути па се процедува.

Се пие засладен со половина лажичка мед, трипати дневно.

КАШЛИЦА И БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ

Редовно се џвакаат свежи листови од босилек.

Потребни состојки

1 лажица босилек
250 мл зовриена вода
1 лажица рендан ѓумбир
1 лажица мед
1 прстофат сол
5 каранфилчиња

Постапка:

Се подготвува следниот напиток: се подготвува чај од босилек (се попарува билката, се остава поклопено 15 минути и се процедува).

Во овој чај се додава една лажица рендан свеж ѓумбир, една лажица мед, 5 каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.

КАМЕН ВО БУБРЕГ

Во една стаклена тегла се реди грст босилек, грубо изгмечен или изблендиран, се полива со мед, повторно босилек и сè така додека да се исполни теглата.

Се облепува теглата со алуминиумска фолија и се чува во фрижидер. Се консумира откако ќе отстои барем 24 часа.

Сокот од босилек (лист) и мед, се зема редовно, трипати дневно пред оброк, во текот на 6 месеци.

ПАСТА ЗА ЗАБИ

Од исушен лист од босилек, иситнет во прав и помешан со масло се добива паста за заби со која се лекуваат воспалителните процеси во устата.

Истата паста може да се користи и при убоди од инсекти.