Оваа старинска пита е идеална за нашите мирисни сетила и густаторни папили. Превкусно за правење, ќе ве врати во детството кога нашите баби ги развлекуваа корите преку целата маса, а ние со воодушевеност гледавме како се подготвува питата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 650 г брашно, 1,5 лажица сол, 450 мл вода. За прелив: 100 мл масло, 120 г путер. Со ова тесто може да правите разни пити и бурек со сирење, месо, компир, вишни, јаболки..

ПОСТАПКА: Сите наведени состојки за тести се ставаат во сад со маталки за месење и се меша додека сè добие убаво мазно тесто. Ако немате миксер за тесто, измесете го со раце и потоа поделете го на 2 еднакви делови, топчиња.

Секое топче одделно развлечете го со оклагија во овална форма и намастете го со масло. Покријте со фолија и оставете тестото да одмори околу 1 час. Секоја кора одозгора ја премачкуваме со масло и малку ја развлекуваме со оклагија, а потоа тегнеме со раце.

Со раце се тегне преку целата маса, со голема претпазливост да не ви се скине. Потоа одозгора повторно се премачкува со многу масло. Со помош на чаршафот кој е одозгола се превиткува едната страна, па спротивната страна до половина на масата.

Повторно се намастуваат корите, па истото се повторува и од другите две страни и така сè додека да формирате коцка која е идеална за тавата во која ќе ја печете. Оваа кора се остава на средина на масата и врз неа се развлекува и втората кора на истиот начин.

Важно е само при секое превиткување добро да ги намастувате корите, а на крајот се премачкуваат корите одделно со путер. Потоа една врз друга се преместуваат во намастена тава и се печат во претходно загреана рерна на 220 степени, 20 минути.

Погачата е лисната, одвнатре шуплива, но сепак сочна. Не е многу масна, идеална е за секој вид на оброк, а најубаво одговара да се јаде со јогурт. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.