Маринирани пиперки со лук и магдонос…Брза и лесна подготовка…Зимница без конзерванси и пастеризација…
Пиперки со лук за зима. Маринирани пиперки без конзерванси и без пастеризација. Брза и лесна подготовка на зимско складирање.
Вака подготвените пиперки ќе бидат незаменлив дел од секоја трпеза: лукот и магдоносот ги прават уште повкусни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 кг пиперка
7 чешниња лук
1-2 китки магдонос
зрна црн пипер по вкус
За маринада:
1 литар вода
200 г шеќер
2 лажици сол
250 мл бел оцет 9%
100 мл масло
ПОСТАПКА:
1.Пиперките измијте ги и отсечете им ги дршките, а потоа избоцкајте ги со виљушка.
2.Сите состојки потребни за маринада ставете ги во широко тенџере и промешајте да се растопат. Ставете на оган и доведете до вриење.
3.Варете ги пиперките во маринадата по 3 минути од секоја страна.
4.На дното од секоја тегла ставете малку магдонос, сечкан лук и црн пипер во зрно, па полнете ги со варените пиперки и малку притиснувајте ги со дрвената лажица. Завршете со магдонос и лук.
5.Одозгора притиснете со пластична мрежичка – потисок, па дополнете ги теглите до врв со маринадата. Ако не ви е доволна маринадата, доправете нова доза во количина која ви е потребна.
6.Теглите цврсто затворете ги, покројте ги со ќебе и оставете ги да се оладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.