МАРИНИРАНА ПИПЕРКА ПОЛНЕТА СО СИРЕЊЕ А ПОСЛЕ ЗАПЕЧЕНА: Толку лесно, а толку вкусно јадење, кој го пробал – се воодушевил

Најпрво пиперката се обарува, а потоа се полни со сирење и на крај се потпекува и се добива многу вкусно јадење на кое никој не може да му одолее. Полнетите пиперки се едно од наједноставните и највкусните јадења кои сум ги пробала досега.

Секоја домаќинка си става свој личен печат на рецептот, бидејќи има безброј можности, а јас ви предлагам да го испробате токму овој рецепт на кој неодамна налетав и ме воодушеви.




Пиперките треба само кратко да се подвари колку да омекне, а потоа се полнат со меко сирење и тврдо сирење, а може и рендан кашкавал по избор, па се печат во рерна. Неодоливите пиперки можете да ги послужите како лесен ручек или вечера, но и како предјадење или закуска на некоја прослава. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 црвени пиперки ајварки, 3 лажици кисела павлака, 50 г тврдо сирење, 350 г ситно сирење/урда/или сирење по вкус, 1 чешне лук, 1 домат, 1/2 лажичка суво нане, 1 лажичка оригано, 1/2 китка магдонос




ПОСТАПКА: Во широка длабока тава или тенџере наредете ги пиперките во еден ред (претходно измиени), налејте вода да бидат до половина потопени, поклопете со капак и ставете ги на умерен оган да се варат 5-7 минути од моментот на зовривање.




Потоа превртете ги од другата страна , повторно поклопете и продолжете да ги варите уште 3-5 минути. Со овој рецепт можете да приготвите какви било пиперки, зелени, бабурести и слично, но лично мене највкусни ми се црвените ајварки.




Во зависност од видот на пиперките кои ќе ги користите и нивната големина, прилагодете го времетраењето на нивното варење. Кога пиперките ќе омекнат извадете ги од водата и оставете ги настрана да се оладат.




Потоа направете длабок засек на следниот начин: од едната страна на пиперката направете засек долж пиперката и уште еден попречен при врвот на дршката. Засеците се прават само од горната страна, во облик на биквата „Т“ и не одат докрај, туку колку да може да се извади семето и да се наполни пиперката, а сепак да остане горниот дел со дршката.




Подготовка на филот: во подлабок сад ставете го ситното сирење (урда или сирење по ваш избор) и додајте три супени лажици кисела павлака. Доматите исечкјате ги на ситни коцкички, па и нив додајте ги, како и 50 г рендан кашкавал, рендано лукче (или истиснато низ преса).




Зачинете ја мешавината со зачини по своја желба, но одличен вкус даваат сувото нане и оригано. Најпосле додајте ситно исечкана една китка свеж магдонос и промешајте за да се распоредат состојките.




Со оваа мешавина наполнете ги пиперките, одозгора премачкјате ги со масло и наросете ги со суви зачини. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се потпечат околу 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаКАКО ДА НАПРАВИТЕ „КРАСАТКИ“ ПИПЕРКИ ЗА 10 МИНУТИ: Вкусна зимница која прва се изедува
Следна статијаОВА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ ЗА КИСЕЛЕЊЕ ЗЕЛКА: Оваа мудроштина злато вреди