Марамчиња или не? како е најдобро да се отстрани шминката?

Кога лицето го чистиме со марамчиња голема е веројатноста дека тоа го правиме малку несовесно и дека не ја вадиме целата шминка до крај.

СИТЕ ГИ ОБОЖУВАМЕ марамчињата за чистење лице. Тој умен и практичен производ е одличен скратен пат до чиста кожа, особено после лудо поминатата ноќ или напорниот ден на работа.

Но, дали марамчињата се добри за кожата и можат ли тие навистина да ги заменат класичните чистачи за лице како што се млекото, гелот или лосионот?

Loading...

За жал, не, велат експертите.

Марамчињата за чистење треба да бидат само еден дел од рутинското чистење или да се користи само во мигови кога навистина немаме друг избор.

Зошто?

Чистењето со марамчиња не го вклучува испирањето, па голема е можноста дека дел од нечистотијата сепак останала на кожата, па дури и ако се’ сме исчистиле, средството од влажните марамчиња, сепак, не е отстрането. На тој начин се затнуваат порите и се создаваат кожни проблеми.

Ако сепак и понатаму ги обожувате марамчињата за чистење лице, тогаш после нив намачкајте го лицето со антибактериски лосион, па измијте го со вода.

Loading...