Ровки и вкусни колачи кои се топат во уста.

Потребни состојки:

1 шолја маслиново масло
1 шолја бело вино
3,5 шолји брашно +-
1 прашок за печиво

За фил:

2 шолји рендани јаболка
1 шолја мелени ореви
50 г суво грозје
½ лажичка цимет или по вкус
½ лажичка каранфилче во прав
1 шолја шеќер во прав

Постапка:

Изматете го маслото со виното, додадете прашок за печиво и брашно по потреба. Треба да довиете помеко, ровко тесто. Оставете го да одмори 15-тина минути.

Откога ќе одмори, од тестото кинете парчиња и формирајте топчиња. Направете вдлабнување, филувајте со лажичка фил, па повторно затворете ги.

Редете ги во плех обложен со хартија со страната каде го затворивте филот да биде свртена надолу.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.

Уште додека се врели наросете ги со шеќер во прав за тој да се растопи, а потоа кога ќе изладат наросете ги уште еднаш. Се чуваат во затворен сад.

Coolinarika.com