Може да ги приготвувате за појадок или вечера, а одлични се за различни пригоди како родендени и слави, а може да се послужуваат како закуска или предјадење. Постапката за приготвување е многу едноставна и брза, а добивате речиси две полни тепсии.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно сенаменско, 1 коцка свеж квасец (40 г), 1 голема/супена лажица рамна сол, 500 мл млако млеко и додадете по потреба, 100 мл масло. ЗА ФИЛ: 500 г сирење, 125 г маргарин/путер, 1 лажица рамна сол. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 1 кисела павлака од 200 мл и 2 јајца




ПОСТАПКА: Во еден поголем сад изронете го квасецот, додајте шеќер и неколку лажици брашно, па полека додајте млако млеко со постојано мешање додека да добиете мазна смеса, слична на онаа за палачинки, без грутчиња.




Оставете на топло место 10-тина минути додека да се активира квасецот и да запени. Во брашното направете дупка во средината како бунарче, па тука додајте го активираниот квасец и маслото, а солта наросете ја околу во брашното.




Потоа со постепено додавање на топлото млеко замесете тесто кое треба да биде компактно, мазно, меко и да не се лепи за рака. Покријте го проѕирна фолија во намастен сад со малку масло и оставете го да стасува околу половина час додека да го удвои волуменот.




Потоа истресете го на работна површина и со помош на оклагија развлечете правоаголна кора (по потреба наросувајте малку брашно за да не ви лепи, бидејќи тестото е меко). Развлечената кора премачкајте ја со половина од филот.




Преклопете ја кората, па ставете ја втората половина од филот, повторно преклопете и внимателно со оклагијата развлечете повторно тенка кора со дебелина од 1 см. Исечете ја по должина на ленти, увpтувајте ги малку како за „влажка“ пита и редете ги во намастена тепсија или обложена со хартија за печење.




Вака оставете ги да стасуваат покриени уште 15-тина минути на топло колку да добијат на волумен, а потоа одозгора премачкајте ги со следната смеса: одвојте од филот 3 лажици па додајте 1 чаша кисела павлака, 2 цели јајца и малку сол по вкус.




Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути, односно додека убаво да заруменат. За да ви биде полесно, можете тестото да го поделите на 4 дела.




Потоа секој дел посебно да го развлечете во кора со форма на правоаголник, да ги премачкате со сирење, да ги превиткате двапати, па така превиткано да биде 10 см. Уште малку со оклагијата притиснете, сечете со широчина од околу 1,5 -2 см, полесно и сите ќе ви бидат со иста величина. Од оваа количина се добиваат две големи тепсии.