Зошто баш Македонски, не знам, но така е запишан во тефтерот на мајка ми.
Многу одамна, мама го подготвуваше за слави и ми остана во сеќавање како мирисен, сочен и ароматичен колач.

Потребни состојки за тесто:

Напомена: 1 шолја = 150 мл.

5 шолји кисела вода

5 шолји брашно

3 шолји масло

3 шолји пченичен гриз

1 лажичка цимет

100 г сечкано суво грозје

100 г сечкани ореви

1 прашок за печиво

Сируп:

250 г шеќер

250 мл вода

1 ванилин шеќер

За поросување:

50 г сечкани ореви/по желба – не мора, но убаво изгледа.

Постапка:

Просејте 5 шолји брашно со еден прашок за печиво и една лажичка цимет. Додајте 3 шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето заедно измешајте го во подлабок сад.

Во средина од сувите состојки направете вдлабнување па додадете 5 шолји кисела вода и 3 шолји масло. Сето измешајте го додека да се изедначи смесата. Можете да користете миксер а може и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени. Излејте ја смесата во плех 25х35 см обложен со хартија за печење.

Тестото по желба наросете го одозгора со сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е готово, извадете го плехот и оставете да излади. Во меѓувреме направете сируп: гответе 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врелиот сируп прелијте го преку изладениот колач.

Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп. Сечете на коцки, правоаголници, тријаголници, а можете и директно од плех! : – )