Home зимница Македонски рецепт за маринирани пиперки…Подобар од сѐ друго што сте пробале…

Македонски рецепт за маринирани пиперки…Подобар од сѐ друго што сте пробале…

Македонски рецепт за маринирани пиперки…Подобар од сѐ друго што сте пробале…Рецепт на еден Македонец. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

50 црвенИ пиперкИ
250 мл масло
250 мл оцет 9%
1 рака шеќер
1 рака сол
2-3 главици лук
2 китки свеж магдонос
1 кесичка црн пипер во зрно

ПОСТАПКА:

Испечете ги пиперките, излупете ги, но потсечете ги само дршките, за да останат целосни. Во големо тенџере ставете ги маслото, оцетот, солта и шеќерот да зовријат. Кога ќе зоврие маринадата, додајте ги пиперките малку да се подварат во маринадата.

Температурата треба да биде умерена, пониска, и не смеете да мешате туку само да го протресете тенџерето. Овој процес на маринирање трае максимално 10 минути, не повеќе.

Лукот ситно исечкајте го и измешајте го со сечканиот магдонос и црниот пипер. Кога малку ќе се изладат пиперките, наредете гиво тегла, ред пиперки, па одозгора мешавината од лук и магдонос, па повторно пиперки и сѐ така додека да се исполни целата тегла.

Прелијте со маринадата и оставете ги теглите отворени преку ноќ. Следниот ден додајте уште малку маринада по потреба за да бидат во теглите исполнети до врв, затворете и чекајте ја зимата.

Сооlinarika.сom