Вчера почина Д-р Јосиф (Јоцко) Наумовски, врвен кардиолог и интернист, во една од најстарите приватни кардиолошки ординации во земјава – Атик Кор.

Попиларниот Д-р Јоцко не беше обичен доктор. Тој беше пред сè психолог, кој знаеше на пациентот да му ги тргне негативните мисли и да му ја даде толку потребната самодоверба, во критичните моменти.

Неретко, знаеше на пациентот да му каже, НИШТО НЕ ТИ Е. Треба да правиш само ова, ова и ова и ќе биде во ред.

Е тоа, ова и ова, беше всушност вистинскиот совет што понатаму, а тој со неговиот авторитет и стручност, влеваше сигурност и самодоверба кај пациентот…

Погребот на Д-р Јосиф Наумовски ќе биде извршен утре.

Бог да го прости