Мајка ми не можеше да оди поради БОЛКА во коските и колената и почна да го пие напитокот според рецептот кој и кажа сосетка од нашето маало.

За кратко време имаше подобрување и оттогаш го споделува овој рецепт со сите што имаат сличен проблем.

Ова е одличен рецепт за напиток против болки во зглобовите и колената. Меѓу другото е добар и за главоболки или слаба циркулација.

Пред консумација не заборавајте за индивидуалните контраиндикации или осетливост на некоја од состојките. Советувајте се со вашиот лекар. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 банана
1 главица црвен кромид
1 мала лажичка куркума во прав
200 мл вода

ПОСТАПКА:

Бананата излупете и исечете ја на помали парчиња, а исто така и кромидот. Ставете ги во блендер, додајте куркума во прав и вода па изблендирајте додека да се добие еднолична смеса.

Процедете ја низ сито или густа газа. Се пие една чаша на гладно пред појадок. По желба може да се додаде малку мед за подобрување на вкусот. Покрај овој напиток добро е да се пие сурутка и мешавина од сусам и мед (рецептот прочитајте го ОВДЕ).

БАНАНА. Поради високата содржина на калиум, бананата ја ублажува болката во мускулите. Влакната содржани во бананите исто така, помагаат да се исфрлат токсините од телото и придонесува за нормална функција на цревата.

ЦРВЕН КРОМИД. Црвениот кромид содржи и витамини од групата Б, витамини Ц, А, калиум, цинк, јод, железо, магнезиум, бакар.

Поради својот богат состав, кромидот има имуномодулаторно дејство, бактерицидно, антифунгално дејство врз телото.

Го спречува создавањето на згрутчување на крвта, ја разредува крвта и е во состојба да го балансира нивото на шеќер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=PaVVSjgpM3M