Особено за мажите најкритичната возраст доаѓа после 40-тите години од животот, а денес оваа граница е повлечена надолу и започнува дури и од 30 годишна возраст.

Токму во овој период доаѓа до смрт од кардиоваскуларни болести. Претставниците на посилниот пол умираат од мозочен и срцев удар. Дали ова може да се спречи? Анализите покажуваат дека на телото му е потребен магнезиум.

Темата за прерани, ненадејни и трагични случаи на смрт е многу релевантна и честа во последно време. Голем број мажи се збогуваа од животот на возраст од 40 години. Начесто умираат од мозочен или срцев удар.

Научниците открија важен факт дека сите мажи кои умираат од кардиоваскуларна болест на возраст о 30-40 години, имаат недостиг на магнезиум во телото. Дали е можно да се спречи прерана смрт?

ВРЕДНОСТИ НА МАГНЕЗИУМ ВО ТЕЛОТО 

Според статистичките податоци, кај многу голем процент од населението, како причина за смрт се јавуваат алкохолот и цигарите, а во последно време кај нас – аерозагадувањето.

За пушењето одамна е познато дека го слабее имуниот систем и претставува фактор за појава и развој на широк спектар на болести.

Постојат драгоцени рецепти кои помагаат за дадокнадување на магнезиумот во организмот. Предложениот рецепт кој можете да го прочитате подолу е универзален и главно им се препорачува на лица постари од 50 години. Но, денес како што спомнавме претходно, возрасните граници се поместени за овие болести, па недостиг од овој минерал е забележан речиси кај сите возрасти.

МАГНЕЗИУМ ДИЕТА

Диетата е многу едноставна.

Прво мора да престанете да консумирате шеќер и слатки производи, како и намирници од брашно.

Второ, потребно е да се намали консумацијата на месо и конзервирана храна. Ако јадете месо, тоа нека биде варено.

Трето, јадете повеќе интегрални житарици.

Четврто, јадете повеќе зеленчук и темнолистест зеленчук.

Петто, ограничете ги млечните производи (освен кефир: за еден час телото асимилира 90% од кефирот, а тоа е многу добро).

РЕЦЕПТ:

2 лажици овесни снегулки, 1 лажица ореви, 2 лажици сусам, помешајте со кефир. Ова јадете го двапати дневно.

Намирници што содржат магнезиум:

Какао (темно чоколадо), ореви, чиа семе, авокадо, мешунки, тофу, банана, лосос, смокви, црн грав, бадеми, семки од тиква, спанаќ, интегрални житарици, интегрален ориз, кикирики, киноа