Постои верување дека ако сте емотивно повредени од невозвратена љубов, изневерени од партнерот, разочарани во детето, во пријателите… – рузмаринот ќе ви помогне да се излекувате и да ги излечите невидливите рани.
Се верува дека рузмаринот ги смирува моментните чувства, но и дека помага личноста да стане емотивно многу посилна од претходно.
Рузмаринот е билка која го чува домот од ограбувачи, од лоша енергија, од лош брак…
Старите верувале дека ако жената се сомнева во верноста на својот сопруг, доволно било да стави гранче под садот од каде тој земал храна. Со тоа жената “го врзувала”, па тој каде и да бил, брзал да се врати дома.
Рузмаринот штити и од несреќи, па честопати се изработувале амулети од оваа билка кои се чувале близу себе, во автомобилот, во домот..
Доколку во домот доаѓале непожелни гости, старото верување вели да се земе малку рузмарин и семе од анасон па да се стави над влезната врата. Се верува дека непожелните гости веќе нема да доаѓаат.
За љубов: се земале три гранчиња рузмарин, врзани со црвен конец и се ставале под чергата на влезната порта – за да дојде саканото лице.
Рузмаринот е многу корисен во народната медицина. За подобро здравје се става под креветот или во негова близина.
-Од народните верувања.