Превкусни мафини од состојки кои веќе ги имате дома.

Потребни состојки: 2 јајца, 1 ванилин шеќер, 1 чаша ( од 200 мл) шеќер (200 г), 1 чаша јогурт, ½ чаша масло (100 мл), 1 ½ чаша брашно (200 г), ½ прашок за печиво (6 г), 150-200 г јагоди, малку шеќер во прав за наросување одозгора и 12-14 калапи за мафини/хартиени корпи

Постапка: двете јајца пенасто изматете ги со миксер. Додека ги матите постепено додавајте го шеќерот. Кога смесата ќе згусне и побели додајте 1 ванилин шеќер, 1 чаша јогурт и половина чаша масло.

Изматете добро со миксерот за да се изедначат состојките. Потоа додајте го брашното и прашокот за печиво. Продолжете да матете со миксерот со намалена брзина додека да добиете мазна смеса без грутчиња.

Во калап за мафини ставете хартиени корпи. Полнете ги 2/3 со смесата. Оваа смеса ќе ви биде доволна за 12-14 мафини. На страна измијте и исчистете 150-200 г јагоди, а потоа исечкајте ги ситно. Врз секој мафин ставете по еден грст сечкани јагоди.

Вака приготвените мафини ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу половина час. Во текот на печењето тие ќе нараснат.

Печените нафини оставете ги малку да изладат, а потоа одозгора наросете ги со шеќер во прав. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: