Лути пиперки во доматен сос со лук..Оваа зимница можете да ја јадете уште истиот ден кога ќе ја направите…Многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл, количина за 7 тегли од 500 мл)

2 кг лута пиперка
2 кг домати (рио домати)
2 големи главици лук
1 чаша вински оцет
1 чаша масло
3 супени лажици крупна/камена сол
1 лажица лимонова сол
1 лажица шеќер

ПОСТАПКА:

Пиперките измијте ги и исчистете ги од дршките, па исечете ги на парчиња со големина на залак или по желба. Доматите исчистете ги и избендирајте ги, па помешајте ги со пиперките.

Додајте рендан лук, оцет, масло, шеќер и сол, па убаво промешајте за сите состојки да се соединат. Оставете да отстои 2 часа со повремено промешување за побрзо да се растопи солта.

Складирајте во стаклени, претходно стерилизирани тегли. Оставајте еден прст празно под капакот и пребришете ги од страните. Цврсто затворете и теглите чувајте ги во фрижидер, затоа што салатата не содржи конзерванс.

Овваа освежителна салата има рок на траење 1 година. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/IBavicItX0I?si=R1ssGUd1xFCKnaYf