Лукот и медот во комбинација со јаболкова киселина се идеални за елиминирање на вишокот килограми. Ако сте доволно упорни и дисциплинирани, ќе имате одлични резултати.

Потребни состојки:

8 чешниња лук
200 мл органска јаболкова киселина
200 мл домашен мед
3 см корен од ѓумбир или по желба

Постапка:

Лукот убаво се чисти од лушпите, ѓумбирот од тенката кора, па со малку јаболкова киселина се ставаат во блендер за да се иситнат. Потоа додадете ги постепено и останатите состојките, па миксајте околу 10-15 минути додека убаво да се изедначат.

Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегла или во некој друг стаклен сад со капак, па оставете да отстои во фрижидер 5 дена со повремено промешување. Смесата од лук и мед може да започнете да ја консумирате после пет дена.

УПОТРЕБА

Препорачана доза е 2 лажички дневно разматени во чаша вода наутро на празен стомак. Оваа мешавина е доста силна и затоа не се препорачува да се пие нерастворена.

Лукот и медот во комбинација со јаболкова киселина се идеални за елиминирање на вишокот килограми. Ако сте доволно упорни и дисциплинирани, ќе имате одлични резултати.