КЕТО ролат со тиквички од кој не се дебелеете

Многу вкусен ролат за оние кои се придржуваат на Кето диетата, но и за сите останати.

Потребни состојки:

4 тиквички
1 прстофат сол
5 јајца
100 г рендан кашкавал
1 лажица сув зачин (вегета)
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица сечкан власец
400 г крем сирење
100 г шунка
1 лажица кашкавал
1 црвена пиперка

Постапка:

Тиквичките изрендајте ги и малку посолете ги. Во еден сад искршете ги јајцата и со жица изматете ги. Додадете рендан кашкавал во јајцата и промешајте. Зачинете со сув зачин, магдонос и власец.

Тиквичките убаво исцедете ги со раце од сокот што го испуштиле и додадете ги во јајцата. Промешајте убаво додека да добиете компактна смеса. Добиената смеса излејте ја во плех од рерна, претходно намастен и обложен со хартија, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 25 минути. Печената кора оставете да излади.

Loading...

Крем сирењето ставете го во подлабок сад и промешајте го со 100 г ситно сечкана шунка и една лажица рендан кашкавал. Смесата нанесете ја врз кората, а одозгора наросете ситно сечкана црвена пиперка.

Потоа кората со помош на хартијата за печење свиткајте ја во ролат и ставете во фрижидер да излади. Потоа сечете и послужете. Целата постапка можете да ја видите во видеото:

Loading...