Мај е прекрасен месец, нема некој што не го сака. Времето е убаво, сè е раззеленето, цвеќиња насекаде околу нас, позитивната енергија може да се почувствува во воздухот. А какви се луѓето родени во овој пролетен месец?

Креативни, романтични и фантастични, мајските личности се навистина привилегирани. Имаат неколку карактеристики кои се заеднички за сите нив. Личностите родени во мај се големи уметници и љубители на патувањата. Тие се упорни и успеваат да најдат начин да ги остварат сите свои цели.

Мајските луѓе имаат способност да го почувствуваат невидливото, па и да предвидат одредени идни случувања. Токму тоа им помага да ги носат вистинските одлуки во многу важни моменти од животот. Одлични се како консултанти и советници, бидејќи луѓето им веруваат, што е особено важно во овие професии.

Овие личности најчесто во себе имаат креативен ген и често се истакнуваат во сите видови уметности. Нивниот ум функционира на прилично интересен начин, а нивната способност е во тоа што размислуваат „надвор од рамките“.

Родените во мај поседуваат креативна „уметничка црта“ и ги привлекуваат секакви видови уметност. Сакаат да ги решаваат проблемите на невообичаени начини, па затоа и ќе бидат добри во секоја област што бара креативно размислување.

Личностите родени во овој период цврсто стојат на земја и свесни се за своите ограничувања. Немаат лажни претензии кон што било и реални се за сè што ги опкружува. Нивната практична природа ги спречува да преземат какви било незрели чекори и им помага да ги остварат зацртаните цели.

Можете да се потпрете на луѓето родени во овој месец тогаш кога ви е тоа најпотребно. Покрај тоа, можете да бидете сигурни во нив и околу која било задача, бидејќи ќе го дадат максимумот за да ја исполнат. Личностите родени во мај не се некои кои се откажуваат на половина пат само затоа што наишле на некои препреки.

Љубовта не е единствената област во која овие личности се ненадминливи. И кога е во прашање пријателството им нема рамни. Многу брзо се спријателуваат и никогаш не им вртат грб на вистинските пријатели.

Тие се амбициозни и вредни. Ја вложуваат целата своја енергија во остварувањето на сопствените цели поради што се многу успешни во својата кариера. Сепак понекогаш знаат да претераат и да заборават дека работата не е сè во животот.

Емотивните личности имаат позитивни и негативни страни. Тие истовремено се и чувствителни и емпатични, но исто така имаат и краток фи-тиљ, па лесно можете да ги разлутите. Родените во мај се полни со енергија и често водат брзи животи. Тие откако ќе тргнат не знаат како да сопрат, па затоа постојано се во движење, од будење до легнување.

Личностите родени во петтиот месец од годината имаат голема страст кога станува збор за патувањата. Тие сакаат да запознаваат нови култури и различни луѓе, да создадат емоции што ќе ги следат во текот на целиот живот.

Меѓутоа, честопати се своеглави и многу тешко можете да им го промените мислењето. Тие внимателно ќе ги ислушаат сите ваши аргументи, а потоа ќе започнат жес-тока дебата и нема да сопрат додека не го одбранат своето мислење.

Тие сакаат да ги трошат парите на екстравагантен начин, но не само за себе, туку и за луѓето што ги сакаат. Од друга страна пак, знаат и како да штедат, па никогаш не влегуваат во минус, ниту пак трошат пари што ги немаат. Секогаш сакаат да имаат нешто на страна скриено, за „недај боже“.

Тие знаат како да ги остварат своите соништа, бидејќи целите секогаш им се реалистични. Тие знаат со какви вештини располагаат и според тоа ги прилагодуваат и своите соништа. За разлика од другите луѓе, личностите родени во мај имаат силна волја, како и способност да се мотивираат за да ги завршат сите активности што ги почнале.

Тие секогаш се во центарот на вниманието. Не мора воопшто да се трудат за да ги привлечат погледите на другите. Харизматични се, па затоа и сите сакаат да бидат нивни пријатели.