Здраво на сите, ајде денес да направиме нешто слатко. Ова е рецепт за колач кој не се пече и многу брзо се прави. Неверојатно е кремаст и вкусен и никој не може да му одолее.
Кога добро ќе излади, секој залак е магија во вашата уста. Идеален е за сите видови прослави, а децата едноставно го обожаваат.
Потребни состојки:
2 кесички пудинг од ванила
4 лажици шеќер
500 мл млеко
2 ванилин шеќер
200 г кекси
100 г еурокрем + 2 лажици млеко
200 мл цврст јогурт или к.павлака
300 мл слатка павлака
100 г мелени лешници
за глазура:
200 г чоколадо
200 мл слатка павлака
Постапка:
Во еден сад ставете го прашокот од двата пудинзи, додајте 4 лажици шеќер и малку млеко одвоено од 500 мл. Разматете убаво да нема грутчиња.
Остатокот од млекото ставете го на оган, а кога ќе зоврие полека додајте го пудингот, намалете ја температурата и постојано мешајте додека да згусне кремот. Оставете го целосно да излади.
Биксвитите една по една кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во плех од рерна (или калап каков имате).
Во микробранова печка или на пареа растопете го еурокремот со две лажици млеко, а потоа рамномерно нанесете го преку бисквитите. Врз слојот еурокрем повторно наредете бисквити претходно натопувани во малку млеко.
Во изладениот пудинг ставете две кесички ванилин шеќер и 200 мл цврст јогурт (или кисела павлака), па убаво изматете со миксер додека да се соединат состојките.
Посебно изматете 300 мл слатка павлака во шлаг, па и неа додајте ја во кремот. Соединете со миксер додека да се добие убав кремаст фил.
Лешниците малку испечете ги во рерна, изладете ги и излупете ги, па сомелете ги. Додајте ги во кремот и промешајте со шпатула или лажица. Добиениот фил нанесете го врз бисквитите и рамномерно распоредете го.
Глазура: на тивок оган растопете 200 г црно чоколадо искршено на коцки и прелиено со 200 мл слатка павлака (внимавајте да не зоврие).
Прелијте преку целиот колач и оставете го во фрижидер, најдобро преку целата ноќ. Деталите погледнете ги во видеото: