Основната состојка на оваа диета е киселото млеко, намирница која многу позитивно влијае врз метаболизмот.

Со помош на оваа диета може да ослабете 5-6 килограми за само 10 дена.

Сепак, имајте во предвид дека станува збор за рестриктивна диета, па не би требало да се држи подолго од 14 денови. Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага да се исфрлат токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот.

Додека ја држите диетата со кисело млеко, се препорачуваат следните намирници:

500 г природно кисело млеко – дневно
-до 300 г овошје дневно (освен грозје, диња и лубеница)
-до 100 г месо дневно (риба, пилешко и мисиркино, без кожа и масти)
-до 300 г зеленчук дневно (домати, ротквици, краставица, пиперка…)
-до 300 г зелен лиснат зеленчук (кељ, зелена салата, зелка, рукола, ендивија…).

Количината на киселото млеко кое ќе го користите во поедини рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да се изеде 500 г кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите по оброци, тоа е ваша работа.

ПРИМЕР ЗА МЕНИ

ПОЈАДОК

Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.

РУЧЕК

Шолја топол билковен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставички исечени на тенки кругови, 100 г варено месо, салата од краставици, домати и зачински билки, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада без лимон.

ПОПЛАДНЕВНА УЖИНА

Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко измиксајте.

ВЕЧЕРА

Шолја топол билковен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер.