Еднаш пробајте и ќе се уверите.
Потребни состојки:
3,5 кг сечкани пиперки,
2 главици лук, ситно сечкан,
1 кг морков исечен на коцкички,
1 китка магдонос,
2-3 лути пиперки кој сака, не мора,
½ кесичка црн пипер во зрно,
200 мл масло,
200 мл оцет,
3 супени лажици сол,
2 литри варен доматен сос и
1 конзерванс
Постапка:
Во поголемо тенџере ставете го доматниот сос, маслото, оцетот, додајте шеќер, сол и конзерванс. Кога ќе проврие прво додајте го морковот, па кога ќе биде до половина сварен додајте ја пиперката и варете додека да омекне и таа.
Додајте го лукот и сечканиот магдонос. Варете само уште неколку минути и веднаш складирајте во загреани тегли.
Со дрвено стапче или со дршката од дрвената лажица истиснете го воздухот, поклопете и превртете ја теглата на неколку минути за да се вакуумира. Прекријте ги теглите и оставете ги да изладат.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: