Честопати не можеме лесно да се ослободиме од упорната кашлица. Понекогаш дури ни лековите не помагаат. Една од најпознатите заштити и навистина делотворен начин за борба со кашлицата е зелката со мед. Тоа навистина е “златно” средство против кашлица.

За ова лекување не постои возрасно ограничување, подеднакво е ефикасно како за мали деца, така и за возрасни луѓе. За да го започнете лекувањето ќе ви биде потребна една главица зелка и мед.

Еве што треба да направите:

Полека одвојте еден лист од главицата. Листот од зелка треба да се спушти неколку минути во врела вода. Ќе стане топол и мек. Потоа едната страна намачкајте ја со мед и со таа страна ставете ја на градите на болниот. Одозгора ставете најлонска кеса, па замотајте со шал или пешкир. Постапката се спроведува пред спиење.

Ако кашлицата е силна, ќе ви бидат потребни два листа зелка – едниот лист се става на гради, а другиот на грб. Облогата се трга наутро а кожата се пребришува со влажна крпа, или се испира местото каде што била облогата и се’ што успеало да извлече.

Ако бронхитисот бил на зачеток, резултатите ќе бидат видливи веќе после првата процедура. Лекувањето се спроведува од пет до седум ноќи. И наскоро, од оптеретувачката кашлица нема да остане никаков траг.

Активните состојки на медот и зелката, а исто така и топлината, придонесуваат за намалување на кашлицата, а и елиминација на воспалителниот процес. Медот наизменично можете да го заменете со топло рицинусово масло.

Од свое искуство можам да ви кажам дека зелката е навистина волшебна. Еднаш започнав да кашлам, имав зелка дома, а немав мед, па не сакав да ми се влоши состојбата и го започнав лекувањето само со лист од зелка. И ми помогна!

За упорна кашлица можете да го користите и рецептот на нашите баби – сируп со ротквица и мед. Многу е добар, а децата го пијат со задоволство. Како и напиток за кашлица, бронхитис и ларингитис.