Лисната погача – наједноставна за правење од сите што досега сум ги направила

Фото и рецепт: Вукица

Ова е наједноставната погача која досега сум ја направила, погодна и едноставна за филување доколку сакате да биде со фил.

Потребни состојки:

700 г брашно
20 г квасец
2 јајца
100 мл масло
околу 400 мл млеко
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
За премачкување на тестото:
100 г маргарин (или п желба кисела павлака или крем сирење)
за премачкување на погачата:
1 жолчка
сусам

Постапка:

Брашното ставете го во подлабок сад и направете мала вдлабнатина во која ќе го ставите квасецот и шеќерот. Прелијте со малку млако млеко и оставете да се активира.

Loading...

Кога квасецот ќе запени, додадете сол, масло, јајца и со млако млеко замесете тесто. Млекото додавајте го постепено и по потреба.

Набрашнете ја работната површина, па тестото пемесете го убаво за да добиете мазна топка. Вратете го во садот, премачкјате го со масло и оставете го да сатасува додека да се удвои.

Потоа повторно истресете го на работната површина, развлечете го во долг правоаголник околу 80 см должина, а ширина колку што може тестото да биде потенко.

Преку целата површина премачкајте ја кората со омекнат путер. Премачкајте по желба со кисела павлака или крем сирење или нешто по ваш избор. Свиткајте го ролатот по должина.

Од едната страна исечете парче со должина од 5-6 см и ставете го исправено на средина од калапот (користете калап 26 или помал, никако поголем).

Ролатот ставете го во калапот, така да има еднаков простор од ѕидот на калапот и средишниот дел. Краевите внимателно спојте ги. Оставете на топло да стасува и да ја удвои големината.

Потоа премачкајте го со жолчка, засечете го тестото (може со кујнски ножици) околу 1 см длабоко, наросете со сусам, оставете уште малку да отстои, па ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени.

Loading...