Фотографија и рецепт на Снежана Вуколиќ-Гршиќ – Торта ЛИНО ЛАДА.

Јас ја правев по следниов редослед: кора – темен фил – кора – бел фил и одозгора 500 мл слатка павлака со 200 г чоколадо за готвење.

Потребни состојки: 6 јајца, 8 лажици шеќер, 100 мл вода, 100 мл масло, 6 лажици брашно, 3 лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво

За крем: 3 пудинзи од ванила, 1 лажица густин, 1 литар и 200 мл млеко, 10 лажици шеќер, 200 г маргарин/путер. И уште: 2 лажици бела лино лада и 2 лажици темна лино лада (нутела, еурокрем или сл.)

Постапка: изматете ги жолчките и шеќерот, додајте ги течните состојки и добро зиматете. Па дури потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и какаото. На крај додајте го снегот од белки и промешајте нежно со лажица. Смесата печете ја во калап за торти бр.28. Печениот и изладен бисквит исечете го на два дела, па натопете ги корите добро со млеко или овошен сок, по желба.

За крем сварете ги пудинзите на вообичаен начин, па кога ќе излади додајте пенасто изматен путер и соединете. Кремот поделете го на два дела: во едниот додајте бела, а во другиот темна лино лада.

Премачкајте ја првата кора со светлиот крем, поклопете со втората кора, па нанесете го темниот крем. Пред послужување добро изладете. Кремите се доста цврсти и лесно се сече.

Фотографија и рецепт на Снежана Вуколиќ-Гршиќ