ЛИКЕР ОД БОЗЕЛ И ЈАГОДИ – Чисто совршенство

Ликерот приготвен од јагоди и бели цветови од бозел е многу лесен и едноставен за подготовка, а вкусот ќе ве воодушеви. Во продолжение прочитајте го рецептот за овој мирисен и неодоливо вкусен пијалак. Вториот рецепт е за ликер од јагоди, а третиот за ликер од бозел.

Потребни состојки: 400 г свежи јагоди, 5 големи бели цветови од бозел, 1 кесичка лимонтус (од 10 г), 250 г шеќер, 1 литар вода, 1 литар добра ракија (или вотка)

Постапка: нема што тука многу да се зборува … Додека е сезона на јагоди и додека сè уште можете да најдете расцветан бозел, побрзајте во авантурата, а потоа едноставно уживајте – Бранка.

Јагодите исечете ги барем на четвртини. Цветовите од бозел исечете ги на помали парчиња, а отстранете ги дршките и тврдите петелки, тие не ви се потребни за ракијата. Ставете ги во поголема тегла, посипете лимонтус и прелијте ги со вода.

Промешајте, поклопете и оставете до следниот ден (24 часа или подолго). После 24 часа процедете низ густа газа во тенџере во кое сте ставиле шеќерот и ставете на оган да се загрее течноста додека да се раствори шеќерот. Изладете добро, па измешајте со ракија.

Складирајте во шишиња и чувајте на ладно. Додека сето тоа да се измеша, вие сами одлучите која јачина на ал.кохол сакате да го има овој малку киселкаст ликер… Брзо ќе ви се потроши, има вкус на освежително сокче… / Бранка / Сооlinarika.com

ЛИКЕР ОД ЈАГОДИ

Овој ликер е баш за сите што го обожаваат вкусот на јагодата, но овојпат со уште попрефинет вкус кој му го дава нането и медот… Не пропуштајте да го испробате овој совршен вкус.

Потребни состојки: 500 г јагоди, 1 литар ракија по желба 9лозова, јаболкова, крушкова…), 3-5 гранчиња нане, 200-400 мл мед

Постапка: јагодите исчистете ги од петелките и измијте ги. Ставете ги во голема тегла со широк отвор, па додајте нане и прелијте со ракија. Затворете ја теглата и оставете ја на темно место да отстои три седмици.

После изминатиот период процедете ја содржината, додајте мед и оставете да отстои уште 4 седмици со повремено протресување. Кој сака ликерот може да го прави со шеќер за неутрален вкус, но пробајте со мед, има божествен вкус… / jussio44 / Сооlinarika.com

ЛИКЕР ОД БОЗЕЛ

Потребни состојки: 750 мл вода, 10 големи цветови од бозел, 750 г шеќер, лимонтус по потреба, 1 литар ракија, вотка или некој друг жес.ток пијалак

Постапка: цветовите од бозел потопете ги во вода и оставете ги така да отстојат најмалку 24 часа. процедете ја течноста низ газа, па додајте шеќер и лимонтус, па ставете на оган да зоврие. Оставете да се вари 15-тина минути, а притоа собирајте ја пената.

Кога ќе се излади, додајте го ал-кохолот, наполнете ги шишињата и ставете во фрижидер да се излади пред послужување. За проба направете половина доза, но верувајте, следната сезона ќе правите двојна мера. / Татјана / Сооlinarika.com

Претходна статијаПредлог за вкусна вечера набрзина
Следна статијаКОЈ ПРОБАЛ НЕ СЕ ПОКАЈАЛ: Заборавете на вртоглавица, висок холестерол и респираторни заболувања со овој чај