Овој метод треба да се применува на особено нечисти рерни кои подолго време не биле чистени и на кои има закоравени саѓи и масни дамки. Наместо долго да ја триете рерната пикнати во неа и да користете разни абразивни помагала, обидете се тоа го сторите со обични најлонски кеси, пишува НМД.

За првпат овој метод ни го откри презентерката Амела, а потоа сите започнаа на овој начин да ги чистат рерните. Причината е едноставна: методот се покажа како навистина ефикасен и делотворен, а тајната се крие во една многу едноставна работа. Но, сите едноставни нешта се генијални, зар не? Еве за што станува збор:

„Рерната не сум ја исчистила цела недела и намерно ја оставив да се извалка за да ви го покажам овој метод на чистење кој навистина е ефикасен и успева”, вели Амела во своето видео. Нејзините следбенички го испробаа овој трик и своето воодушевување го искажаа во бројните коментари.

„На едно место ми се излеа и масло, но намерно го оставив“, вели Амела, која инаку рерната ја чисти после секое готвење. ПОСТАПКА: На сите средства за чистење рерна, во упатството пишува дека треба да ја испрскате рерната, да оставите да делува неколку минути, а потоа да ја исплакнете со вода и сите дамки ќе иcчезнат.

Но, тоа не е вистина. Јас кое средство и да го користев, после него морав по 2-3 часа да тpијам за да излезе сета нечистотија“, вели Амела.

Па, земете некое од поевтините средства и убаво испрскајте ја рерната. Потоа ставете проѕирна фолија или обложете ја рерната со кеси. Оваа постапка обично ја правам навечер, но овојпат за подобро да се гледа (за видеото), рерната ја испркав наутро.

После 90 минути делување (а уште подобро ако се остави преку ноќ), отстранете ги кесите и фрлете ги во ѓубре. Потоа со обичен сунѓер еднаш поминете ја рерната, а потоа со влажна крпа пребришете ги остатоците од средството за чистење. Ќе бидете восхитени од резултатот!

За да не ви мириса рерната на xeмикалии, ставете еден сад со вода, а во него еден исечен лимон, па вклучете ја рерната да се загрее на најсилно. Потоа исклучете ја и оставете да се олади. На овој начин рерната нема да ви мириса на xeмикалии, туку на свеж мирис од лимон.

Во што се крие тајната на кесите? Еноставно е – ја сочувуваат влагата на средството кое сте го нанеле и го продолжуваат неговото дејство. Имено, доколку само ја испрскате рерната со средството за чистење и оставете да делува, ќе забележите дека тоа после 15-тина минути се исушило. А, штом се исуши средството и неговото дејство запира.

НАПОМЕНА: При контакт со силни xeмиски средства како што се оние за чистење рерна секогаш носете заштитни ракавици, а при прскањето носете маска и очила. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.