Лесен и многу вкусен десерт подготвен во блендер – кремаст, се топи во уста!Се подготвува од само неколку состојки, за неколку минутки. Единствено што треба да почекате е да се олади во фрижидер.
Добива многу нежна конзистенција на мус, а секој залак се топи во уста. Овојпат го приготвивме со вкус на лимон и чоколадо, но секако, комбинациите можете да ги менувате, на пример со малина и ванила, портокал и ванила/чоколадо… комбинациите се безброј. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г кондензирано млеко, 400 г кремаста павлака мин 36% мм, 150 мл сок од лимон (исцеден и процеден низ цедалка, а може и некој друг бистар сок од друго овошје по вкус). За ганаш: 200 г чоколадо за готвење, 200 г кремаста павлака мин 36% мм
ПОСТАПКА: Во блендер сипете го кондензираното млеко, кремастата павлака со минимум 36 млечни масти и биста лимонов сок. Вклучете го блендерот и блендирајте неколку минути додека целата содржина да се изедначи во хомогена, кремаста смеса.
Целата содржина сипете ја во некој соодветен сад, прекријте со фолија и оставете во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа. Потоа пригответе го ганашот: измешајте ги чоколадото и павлаката во посебен сад.
Растопете ги во микробранова печка, промешувајќи на секои 30 секунди додека да добиете фин, мазен ганаш. Истото можете да го направите со непрекинато мешање врз сад со водена пареа, сè додека да се растопи чоколадото и соедини со павлаката.
Сипете го ганашот врз белиот слој, израмнете и повторно вратете во фрижидер да се стегне уште два часа. Колачот иако е кремаст може фино да се сече на парчиња, но најубаво е да се сервира како топки во декоративни чаши или чинии.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем“ – ОВДЕ.
Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем