Леопардов куглоф – прекрасен и по вкус и по изглед, ќе се изненадите, но постапката е едноставна

Првиот рецепт на г-ѓа Коцман е предвиден за куглоф, но бидејќи излегува поголема количина, од него има направено и една штрудла. Вториот рецепт подолу е подетално објаснет и се еднесува за една штрудла, исто така со шарите на леопардот.

Фото и рецепт: Соња Коцман

Потребни состојки:

700 г брашно
2 јајца
½ квасец
100 мл масло
1 шолја од 200 мл шеќер или по вкус
350-400 мл млака вода

за фил:

300 г мелен мак со шеќер по вкус, попарено со топло млеко

Постапка:

Во брашното додадете актиран квасец и сите останати состојки, па замесете меко и мазно тесто кое не се лепи на рацете. Покријте го и оставете го да стаса.

Потоа тестото премесете го и поделете го на два дела. Ениот дел да биде поголем, а во вториот дел додадете малку какао, за да добиете кафеаво тесто. Од белото тесто направете неколку топчиња, а потоа развлечете ги во долгнавести а тесни кори.

Секоја кора премачкајте ја со фил од мак, а во средината ставете ваљак направен од кафеавото тесто (види фото). Свиткајте во вид на ролат.

Редете ги во намастен куглоф и оставете на топло место да стаса. Одозгора премачкјате со млеко и печете во загреана рерна на 180 степени.

ВТОР РЕЦЕПТ:

Потребни состојки за thangzhong стартер:

200 мл млеко
25 г скробно брашно

состојки за тесто:

300-310 г брашно
100-150 г шеќер
50 мл масло
1 портокал – рендана кора
1 ванилин шеќер

за светло тесто:

5 г какао
1 лажица млеко

за темно тесто:

15 г какао
2 лажици млеко

и уште:

3,5 г сув квасец
1 лажица брашно
1 лажичка шеќер (се одзема од вкупната количина за тесто)

Постапка:

Прво се прави tangzhong стартерот: Во сад се става околу 150 мл млеко, се става на оган. Во преостанатото млеко се разматува густинот, па се додава во зовриеното млеко и постојано се меша додека да згусне. Се трга на страна да се олади со повремено мешање да не фати коричка.

Додека стартерот се лади, загрејте 50 мл млеко да биде топло, но не врело, па додадете лажичка шеќер, сувиот квасец (ако користите свеж доволни се 10 г) и лажица брашно, па убаво промешајте и оставете 10-тина минути да се активира квасецот.

Во подлабок сад ставете го изладениот стартер, активираниот квасец, додадете шеќер, кора од портокал (може и 10-тина капки природно масло од портокал), масло и половина од брашното. Замесете со рака а може и со миксер.

Мекото брашно истресете го врз набрашнета работна површина и со постепено додавање на преостанатото брашно месете додека да добиете мазно и меко тесто кое не се лепи за раце.

Тестото оставете го да одмора, а за тоа време пригответе го какаото за двете теста. Во еден сад ставете 5 г какао во прав и лажица млеко или вода, па соединете во кремаста густа смеса, а во друг сад ставете 15 г какао и 2 лажици млеко/вода.

Добиеното тесто поделете го на два дела од кои едниот тргнете го на страна и тоа ќе биде белиот дел.

Втората половина поделете ја на два дела, а во едниот додадете ја смесата со помалку какао, а во вториот дел смесата со повеќе какао. Така ќе добиете, три теста со различна боја. Секое од тестата поделете ги на 9 топчиња и покријте ги за да не се сушат.

Плех за леб со величина од 10х20 см или слично, обложете го со хартија за печење. Од светло кафеавите топчиња правете ваљаци со должина на калапот и ширина од околу 5-6 см (ако ви се лепи тестото може да додавате малку брашно или густин).

Од темните топчиња правете тенки ваљаци со иста должина како претходните, па завиткувајте ги во светло кафеавите, да добиете како дебели пури. Овие пури завиткувајте ги во овалните кори направени од белите теста (погледни фото).

Малите ролатчиња редете ги во приготвениот калап и редете ги по ваша желба (јас ги редев по три во три реда).

Покријте и оставете на топло место околу еден час или повеќе за убаво да стаса и да се удвои. Тестото премачкајте го со млеко и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, но веднаш намалете на 170 степени. Печете околу 35 до 40 минути. Печениот колач изладете го на жица. Одозгора може да го прелиете со чоколадна глазура и да го наросите со ситно сечкани лешници. А може да го наросите и само со шеќер во прав.

coolinarika.com

Претходна статијаТРИЛЕЧЕ – ориентална слатка за сечиј вкус
Следна статијаБрадавиците целосно ќе исчезнат, само намачкајте се со сокот од билката Росопас