Лековита маска и мевлем за избелување на испуканите капилари од лицето и нозете

Мрежа од испукани капилари се јавуваат од повеќе причини и главно не претставуваат здравствен проблем. Тоа е повеќе естетски проблем поради кој многу жени бараат начин да го решат.

Можни причини за испукани капилари:

-наследен фактор,

-дебелина,

-алкохолизам,

-бременост,

-хормонално пореметување

-оштетување на кожата и сл.

Испуканите капилари на нозе се честа појава кај жените и тоа на возраст помеѓу 18 и 35 години, или помеѓу 50-60 години. Сепак, на природен начин можат да се ублажат, намалат па дури и да се елиминираат, доколку ги следите советите кои ќе ги прочитате во продолжение на текстот.

Намалувањето на телесната тежина и зголемената физичка активност се превентивните мерки кои ќе ја зголемат венската циркулација и ќе спречат појава на проширени капилари.

ЗОШТО ПРСКААТ КАПИЛАРИТЕ НА НОЗЕ?

Наследни фактори како главен предуслов: генетиката е еден од најчестите предуслови за појава на испукани капилари. Ако вашите родители, баби и дедовци имале проблем со оштетени крвни садови, голема е шансата дека и кај вас со текот на времето ќе се јават испукани капилари на нозе.

Бројни хормонални пореметувања би можеле да доведат до појава на мрежа од испукани капилари, бидејќи телото се обидува да се навикне на новонастаната промена, па затоа оваа појава е почеста кај жените отколку кај мажите. Периодите во кои најчесто доаѓа до нив се: пубертет, бременост и менопауза. Било каков облик на траума и повреда на кожата може да ги оштети крвните садови (рани, операција на кожа, агресивни козметички третмани).

При стареењето губиме голем дел од еластинот и колагенот од кожата, бидејќи тие не се обновуваат доволно брзо. Тоа доведува (со многу други фактори) до истенчување на кожата, па капиларите на нозете брзо стануваат поизразени. Кожата исто така ја губи еластичноста, па полесно доаѓа до повреди. Испуканите крвни садови се почести во старост, но и неврзано за годините, овие промени на кожата се честа појава на речиси секоја возраст.

Влијанието на надворешните фактори, како што се: Сонце, ветер, многу висока или ниска температура, доведува до прскање на капиларите. Познато е дека УВ зраците и пречестото изложување на сонце без нанесување на заштитни креми доведуваат до прскање на капиларите.

Исто така, изложувањето на места со големи температурни разлики може да доведе до вакви проблеми. Ако сте забележале дека често ви пукаат капилари, одбегнувајте сауна и врели бањи, а ако излегувате од топла просторија, надвор, на студено зимско време, задолжително топло облечете се. Истото важи и за летно време, кога од изладена климатизирана просторија излегувате надвор на врело сонце.

ЛЕКОВИТА МАСКА

Потребни состојки:

2 лажички хељдино брашно

1 сирова жолчка од јајце

1 лажичка мед

Постапка:

Сите состојки убаво изматете ги за да добиете еднолична смеса.

Добиената смеса нанесете ја на чиста кожа.

Маската оставете ја да отстои 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Последниот млаз вода нека биде малку поладен.

Кожата со тапкање исушете ја со памучна мека крпа, па нанесете хидрантен крем или кокосово масло.

Употреба: 2-3 пати седмично

ЛЕКОВИТ МЕВЛЕМ

Потребни состојки:

3 грста цветови од невен

200 мл растителна маст (може и обична свинска но несолена)

100 мл восок

100 мл говедски лој

Постапка:

Сите состојки ставете ги во огноотпорен сад, затворете ги и варете ги 8 часа во лонец полн со вода на најниска температура (на пареата).

По варењето нека отстои преку ноќ. Вториот ден ставете ја водата малку да зоврие, па намалете ја температурата и варете ја уште 20 минути, колку да се загрее и растопи смесата. Нека остане преку ноќ, па повторете ја постапката и третиот ден.

По три дена состојките од садот процедете ги низ газа. Во смесата додадете 1 лажица мед и 20 г аптекарски вазелин (не од туба).

Се заедно измешајте, ставете во кутија и чувајте на ладно место. Мачкајте навечер.

КАКО ДА ГИ ИЗЛЕКУВАТЕ ИСПУКАНИТЕ КАПИЛАРИ НА ПРИРОДЕН НАЧИН?

-Внесувајте повеќе витамин Ц и К

1.Овошјето и зеленчукот како што се: спанаќ, цитрусно овошје, карфиол и ’ркулци, изобилуваат со витамин Ц и К, кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од добивање на испукани капилари. Исто така, може да користите и суплементи за да ги внесете овие витамини, но ние секогаш ги препорачуваме природните извори како подобро решение. Исто така, запамтете дека најмногу витамини добивате од свежи намирници, бидејќи со термичка обработка се губи значителен процент од витамините.

-Витаминот Е помага во исчезнувањето на видливите капилари

2.Маслото со витамин Е може да се користи како природен лек за третман на испукани капилари. Со редовно нанесување на ова масло, вие ја негувате кожата но истовремено ги штитите и регенерирате оштетените крвни садови. Исто така, витаминот Е можете да го внесувате како суплемент.

-Лимоновиот сок е природен лек за отстранување на капилари

3.Лимоновиот сок содржи многу витамин Ц и има природен избелувачки ефект, па така, добро е да го нанесувате директно на проблематичниот дел од кожата. Можете да додадете лимонов сок во вашиот лосион за тело кој редовно ќе го нанесувате на нозете, за да избледат капиларите, а истовремено да зајакнат крвните садови и да се намали црвенилото.

Правилно негувајте ја кожата и навремено спречете прскање на капилари.

-Заштитата од нагли темепратурни промени е клучна за одржувањето на здрави капилари

4.Заштитувајте ја кожата од Сонце и ветер, одржувајте ја хидрирана и заштитувајте ја од нагли промени на темепартурата. Не тријте агресивно при туширање бидејќи ризикувате да ги оштетите крвните садови. Исто така, одбегнувајте користење на врела вода за бањање и туширање. Користете млака, а ако можете да издржите и ладна вода, бидејќи таа ги стега крвните садови и благотворно влијае врз здравјето на организмот.

-Сокот од грозје е природен лек за пајакова мрежа од испукани капилари

5.Екстрактот од гроздов сок се покажал како одличен лек за отстранување на видливи капилари на нозе. Едноставно нанесете сок на кожата каде испукале капиларите, а со редовна примена тие постепено ќе исчезнат.

-Користете креми за заштита од сонцето

6.Врелината од сонцето може да ја оштети кожата. Кремите за сончање не само што ќе ве заштитат од пукање на капиларите, туку воедно ќе ја негуваат вашата кожа. УВ зраците имаат силен ефект врз вашата кожа и можат да го оштетат клеточниот ѕид.

-Менувајте ги лошите навики па во иднина ќе немате проблем со испукани капилари

7.Водејќи здрав живот, вие може да го одбегнете пукањето на капиларите. Пушењето има оксидационо дејство врз клетките, со што се ослабуваат и оштетуваат крвните садови. Намалете ги или уште подобро, оставете ги цигарите за да го спречите пропаѓањето на васкуларниот систем, а со тоа и несаканите промени на кожата,

Консумирањето на алкохол исто така, ги шири крвните садови и доведува до појава на пајакова мрежа од испукани капилари. Хроничниот алкохолизам доведува до оштетување на црниот дроб и уште повеќе испукани капилари.

СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ (ЛАСЕР) ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ИСПУКАНИ КАПИЛАРИ

Ласерските третмани се вршат на следниот начин: силни светлосни зраци се испраќаат на проблематичниот крвен сад и постепено го уништуваат. Не се користат игли и не се вбризгува ништо во кожата.

Постојат и несакани ефекти: модрици, црвенило, јадеж или оток на кожата, а во поретки случаи и лузни. Третманите со ласер се можеби помалку ефикасни од склеротерапијата.

Склеротерапија или склерозација на капиларите подразбира вбризгување на одреден раствор во крвниот сад, а треба да предизвика негово затворање бидејќи се отсекува од крвотокот а крвта се пренасочува во здравите садови.

Со овој метод крвниот сад веднаш бледее.

Склеротерапијата е одличен начин да исчезнат испуканите капилари на нозе, ако го врши стручно лице специјализирано за овој метод. Процесот може да се направи без анестезија во докторска ординација.

Несакани дејства: јадеж, оток и промена на бојата на кожата која се третирала.

ЛЕКОВИ, СУПЛЕМЕНТИ ВО ИСХРАНАТА И КРЕМИ

Обратете се кај вашиот лекар или дерматолог за лекови и суплементи во исхраната, како и за медицински креми кои можат да помогнат да се реши овој проблем. После прегледот и проценката, вашиот лекар ќе ја одреди вистинската терпаија. Третманот може да даде резултати за само неколку денови. Одбегнувајте користење на ОТС препарати без претходно советување со стручно лице. Ако ги добиете за време на бременост, не дигајте паника, туку благовремено известете го вашиот лекар.

Вежбајте секојдневно за да ја подобрите циркулацијата, носете удобна облека и обувки од природни материјали.

Одбегнувајте стоење и долговремено седење во иста положба, не ги „прекрстувајте“ нозете со што се спречува циркулацијата, намалете го внесот на солта, јадете повеќе свежи намирници а намалете го внесот на брза храна.

Loading...