Капината спаѓа меѓу 10 – те топ најздрави плодови на природата.

Капините имаат висока прехрамбена вредност и содржат витамин Ц, К, Б9 и есенцијален минерал манган.

Зрелите плодови од бозелот имаат најголем процент од витаминБ, доста витамин Ц, како и минерал селен кој е корисен за дишните патишта. Помага за одлепување и растворање на „шлајмот“ односно на залепената и густа слуз во белите дробови, помага во ублажување на кашлицата, особено кај пушачите.

Бојата на бобинките од Бозелот ја добиваат од групата антоцијани кои инаку, ги ублажуваат ревматксите тегоби. Сокот од свежи бобинки се користи за лекување на невралгии на фацијалниот нерв, за јакнење на организмот, чистење на крвта, смирување на стомачни грчеви и цревни колики, како и за апетит.

Потребни состојки:

2 кг диви капини/ малини

500 г бобинки од бозел

1 кг шеќер (или по личен вкус)

3 лажички лимонска киселина

Постапка:

Овошјето да се измие и исчисти од зеленилото.
Ставете го во сад и еден час нека се вари во вода заедно со шеќерот.
Потоа процедете со пресовање.
Ако сокот го приготвувате во специјален соковник на пареа, соединете ги овошјето и шеќерот, па потоа варете со вода во долниот дел од соковникот.

Соединете ги овошјето и шеќер.
Гответе на умерена температура. Сокот сварете го до саканата густина. Додадете лимонска киселина.

Складирајте во стаклени шишиња кои претходно сте ги загреале.
Најдобро е да го приготвите сокот според упатството кое ќе го видите во видеото:

Видео: