Лековит сируп од ружа за чистење на црниот дроб, за белодробни болести и за јакнење на сите внатрешни органи

Здраво НМД, еве го мојот сируп од ружи од минатата година. Инаку сирупот се препорачува за јакнење на срце и нерви, против замор, несоница, за чистење на црн дроб, жолчно ќесе, бубрези и за белодробни болести.

РЕЦЕПТ ЗА СИРУП ОД РУЖА

Потребни состојки:

150 г ружин цвет, само венечни ливчиња
1 литар вода
2 лимони – сок
1 кг шеќер
1 ванилин шеќер (не мора)

Постапка:

Одвојте ги ливчињата од цветот и кратко измијте ги низ млаз ладна вода во решетакст сад. Потоа ставете ги во стаклена тегла од 2 литри, прекријте ги со сок од еден лимон и оставете ги 15 минути, со повремено протресување на теглата.

Потоа во теглата додадете еден литар ладна вода. Оставете ја теглата на топло сончево место прекриена со газа, да отстои 48 часови, а за тоа време ливчињата целосно ќе ја отуштат својата боја и мирисот. Процедете ја добиената течност низ газа и со рака истиснете го сокот од ливчињата.

Додадете еден килограм шеќер и сок од еден лимон. Повремено мешајте за да се растопи шеќерот. Кога целиот шеќер ќе се растопи, сирупот складирајте го во шишиња и пастеризирајте ги во лонец. Оставете само водата да зоврие во лобецот, тргнете на страна и оставете додека да излади. Потоа сирупот чувајте го на суво и темно место.

Сирупот и не мора да го пастеризирате, можете да го складирате во пластични шишиња и да го замрзнете. Се пие како освежителен напиток, со коцки мраз и парче лимон.

ИТЕН СИРУП ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Две полни шаки цветни ливчиња се преливаат со 500 мл зовриена вода и се оставаат да отстојат 24 часа. Потоа се процедува, а течноста се вари со 250 г шеќер. Пред крај се додава еден лимонтус и се вари уште 5 минути. Се пијат по 2-4 супени лажици дневно.

РЕЦЕПТ ЗА СЛАТКО ОД РУЖА

Слаткото се приготвува нешто слично на сирупот.

Потребни состојки:

100 г цветни ливчиња од црвени, миризливи ружи
1 литар вода
1 кг шеќер
1 ванилин шеќер
½ кесичка лимонтус

Постапка:

Измиените ливчиња ставете ги во зовриена вода и оставете ги да се варат 15 минути. Тие ќе побелат. Додадете шеќер, ванилин шеќер, а потоа и лимонтус, па тој ќе ја поврати црвената боја на ливчињата. Варете 50-60 минути со повремено тргање на пената. Слаткото е готово кога на тацната ќе остане трага кога ќе повлечеме со лажичката. Тргнете ја шерпата од оган, покријте со мокра крпа и оставете да излади. Складирајте во чисти тегли и добро затворете.

Исто така, приготвувам и крем кој е наменет за нега на лицето. Наменета е за нега и заштита на нормална, сува и чувствителна кожа, како и кожа склона кон црвенило и видливи капилари.

Ружините цветови ја јакнат структурата на кожата и ја зголемуваат нејзината еластичност. Воспоставува рамнотежа помеѓу влажноста и масноста на кожата, па таа станува нежна и здрава токму какви што се нежни цветните ливчиња на ружата. Зимно време ружиниот крем е добра заштита од студенило. Намалува брчки и стрии.

РЕЦЕПТ ЗА КРЕМ:

Се собираат венечни ливчиња од ружа, се редат во тегла и се потопуваат со маслиново масло, да бидат прекриени. Се оставаат на сонце или на топло три седмици. Потоа се процедува маслото, му се додава пчелин восок растопен на пареа, се промешува со маслото и се складира во соодветни садови.

СОК ОД РУЖА:

Во тегла од 5 литри наредете цветни ливчиња од миризлива ружа, да се исполнат 2/3 од теглата, речиси полна. Додадете 2 лимонтуси и налејте вода. теглата поклопете ја со тацна но така да има воздух, но никако не ја затворајте целосно теглата зошто сокот ќе се расипе.

Вака оставете 7-10 дена на сончево место додека водата да стане розова. Добиената течност процедете ја и измерете ја. на секој литар течност додадете еден кг шеќер. Убаво промешајте и складирајте на ладно место додека шеќерот целосно да се растопи, околу 24 часа. Потоа складирате во шишиња.

Ако не сакате да го разблажувате сокот, едноставно само прецедете ги цветните ливчиња, а водата складирајте ја и чувајте ја во фрижидер, па пред употреба засладете со шеќер или мед по вкус.

Loading...