Лекови од компир за желудник, очи, висока Т, акни, изгореници, срце

Еден човек годишно може да изеде просечно 72 килограми компир. Овој зеленчук може да се приготвува на многу различни начини и многу е вкусен, но тоа е само едната негова добра страна.

Loading...

Поради својата прифатлива цена се одгледува и се користи во исхраната и тоа во големи количини, во речиси сите земји од светот, а помага и во одржувањето на здравјето. Им се препорачува на дијабетичарите, и како лек во народната медицина против чир и гастритис.

ДОМАШНА АПТЕКА

Грчеви во желудникот и ждригавица

Сировиот сок од компир, но не од оној кој из’ртил, може значително да ги ублажи болките во желудникот, пред се грчевите, а во полесни случаи може дури и целосно да ослободи од болки.

Компирот содржи соединенија кои овозможуваат смирување на болките, но не ја лекуваат нивната причина, па поради тоа, делувањето на сокот од сиров компир се сведува само на олеснување на болките.

Често и неподносливата ждригавица може да се отстрани со консумирање на мал филџан сок од сиров компир, но сепак и тогаш не се отстрануваат причините кои довеле до ждригавица.

Желудечна киселина

Кашата од компир е важен составен дел од диеталната исхрана на болни кои патат од желудечни проблеми. Пирето од компир, несолено и посолено многу малку, сервирано како диетална храна без додатоци, ја впива и ја отстранува прекумерната желудечна киселина. Оваа тегоба е често причинета од воспаление на желудникот и цревата.

Оваа болест се лекува со долготрајно консумирање на несолено компирово пире. Предноста на оваа едноставна терапија е во тоа што болниот повремено може да го менува вкусот на пирето за да не му стане еднолично, со додавање на млеко, путер, хопла или јогурт.

Облога за очи

Облозите се прават со рендан компир, кој се става на стерилна газа па се нанесува врз затворени очни капаци, и така се остава да делува половина час. Делува против темни кругови, подуени подочници и пеглање на брчките.

Зголемена температура

Ако температурата е висока, помагаат облози од сиров компир: изрендајте два сирови компири со лушпа, додадете една лажица јаболкова киселина и така добиената смеса замотајте ја во газа и ставете му ја на болниот на чело.

Температурата ќе се намали најдолго за еден час.

Исто така помага и напиток од половина чаша топла вода и половина чаша вино од црна рибизла. Овој напиток се пие одеднаш. По еден час повторете ја постапката.

Ги чисти акните

Постојано ви се појавуваат акни на лицето а кожата на поедини делови ви е црвена? Излупете и крупно изрендајте два сирови компири со средна големина. Легнете и заштитете ја облеката со крпа, а потоа добиената каша нанесете ја на лицето. После 20 минути отстранете ја маската со влажна крпа и добро измијте го лицето.

Ова ќе ви ја освежи кожата а благодарение на минералните супстанции подочниците ќе ви се намалат.

Срце

Високата содржина на калиум во компирот поттикнува излачување на вишокот вода па со компировата терапија без сол, значително ќе се нормализира преоптеретеното срце.

За подобро расположение

 Многу жени со ПМС забележуваат дека пред циклусот им се јаде компир, тестенини, леб и благо. Наместо во овој период да одберете висококалорична храна, одберете варен компир кој ќе ве снабди со доволно јаглехидрати. Тие создаваат поголема концентрација на серотонин кој го подобрува расположението. Депресивните, уморни, лути и нервозни лица можат значително да си го подобрат расположението со само една порција компир (без белковини, т.е. месо, млеко и јајца).

Опстипација

При лекувањето на хронична опстипација успешно се применуваат терапиите со компирот. За појадок на болниот му се дава печен компир со кафе, а за ручек и вечера некое друго јадење со компир, во кашест облик. Веќе после третиот ден доаѓа до ослободување и празнење на цревата, без болки и грчеви.

Облози за главоболка, изгореници

Сирови парчиња од компир се користат како студена облога на главата, при температура или главоболка. Варен, топол и пасиран компир се користи како облога за студени нозе. Облозите од сиров рендан компир се одлично средство при изгореници.

Бања за гихт и реума

При ревматични и отечени нозе и напади од гихт помага бањата од компир. Поголема количина сиров изрендан компир се става во када полна со топла вода. Болниот треба да лежи во бањата околу 20 минути.

Го ослободува грбот и мускулите од напнатост

Долгото седење, носење тежок товар, долгите телефонски разговори- сето тоа создава напнатост во мускулите, особено на вратот. За да се релаксирате и да ги опуштите мускулите направете топло пакување од компир:

Сварете четири компири со кора, излупете ги, испасирајте ги, замотајте ги во крпа и како облога ставете во пределот на тилот и рамената. Топлината и минералните материи (магнезиумот) ги опуштаат згрчените мускули.

После дејството на облогата, 10 минути масирајте го местото со притискање на прстите.

ПЕТОДНЕВНА КОМПИР ДИЕТА

Компир диетата го подобрува кардиоваскуларниот систем и го нормализира крвниот притисок. Покрај тоа, помага во намалување на стресот и го поправа нервниот систем. Со компир диетата ќе бидете поактивни и поефикасни во работата.

Оваа диета е релативно лесна за спроведување. Најдобро е да се користи свеж компир бидејќи има најмалку јаглехидрати, а повеќе протеини со речиси исто калории. Свежиот компир е многу повкусен, содржи многу витамини и хранливи материи кои се губат во текот на складиштењето, а скробот во компирот се акумулира и ја дава неговата калорична вредност.

Важна напомена: Компир диетата не се спроведува подолго од 5 денови!

ПРЕДНОСТ: компирот е вкусен и лесен за приготвување. За оваа диета немате високи парични издатоци.

Во компирот има многу витамин Ц, пектин, амино киселини. Се подобрува кардиоваскуларниот систем и го нормализира крвниот притисок. Но сето ова се однесува за свежиот компир (од мај до крајот на октомври, зошто со текот на времето, сите витамини исчезнуваат)

НЕДОСТАТОЦИ: како и во секоја моно исхрана, јадејќи само компир, вие го лишувате вашето телот со неопходните витамини и минерали. Поради тоа, се препорачува во текот на диетата да се консумираат витамински суплементи.

1.ДЕН

Појадок: една чаша млеко

Ручек: 300 г компир-пире на вода, многу малку сол

Вечера: салата (250 г компир, варено јајце, малку јаболкова киселина, по желба- црн пипер, растително масло)

2.ДЕН

Испечете или сварете 1 кг компир на ниска температура. Поделете го во 5-6 оброци. Малку посолете, може да додадете малку масло и во било која количина свежа салата: влашец, миродија, магдонос, мајчина душичка.

Ако сакате да јадете нешто друго, за појадок додадете парче пченкарен леб со путер, а за вечера сиров зеленчук (морков, зелка, краставица).

3.ДЕН

Испечете или сварете 1 кг компир со лушпа. Поделете на 5-6 оброци. Јадете со многу малку сол и малку растително масло.

4.ДЕН

Четвртиот ден можете да изедете: посно месо (до 50 г) или 1-2 варени јајца, 100 г сирење, 200 г динстан зеленчук (домати, моркови)

5.ДЕН

Се повторува првиот ден од диетата.

Loading...