Воспалението на мочниот меур кај жените мора да се лекува! Ова се причини и симптоми за оваа подмолна инфекција. Ова е важно и треба да го знаете:
Доколку терапијата не се спроведе навреме, инфекцијата од мочниот меур може да се прошири на бубрезите и да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Уринарните инфекции како што се: воспаление на мочен меур (циститис), воспаление на уринарните канали (уретритис) ги погодуваат речиси секоја жена, барем еднаш во животот. Од овие тегоби заболуваат и мажи, но многу поретко за разлика од жените.
СИМПТОМИ
Во некои случаи воопшто нема тегоби, а може да се движат во распон од многу благи до исклучително болни и непријатни, проследени со малку зголемена телесна температура.
Симптомите на воспален мочен меур започнуваат со ненадејна болка и чувство на тежина. Се јавува и често мокреше, што всушност е одбрамбена реакција на организмот кој на тој начин сака да се ослободи од бактериите, како и пецкање при мокрењето.
Она што пациентите најмногу ги плаши е присуство на крв во урината, а тогаш таа може да биде заматена.
Доколку се појави грозница, тоа би можело да знак дека инфекцијата се проширила на бубрезите, а во тој случај неретко е проследена со болка во слабинскиот дел на грбот, со повраќање и мачнина.
Иако тегобите може да бидат многу непријатни, овие инфекции се лекуваат со чаеви и медикаменти препишани од лекар, меѓутоа ако терапијата не се спроведе навреме, таа може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
ФАКТОРИ НА РИЗИК
-намален внес на течности
-недоволна хигиена
-камен во бубрег
-често капење во базени и кади
-долготрајно и често задржување на урината (одложување на мокрењето)
-зголемена простата кај мажи
-полови болести
-пад на имунитетот
-претерана хигиена (претерана употреба на средства за хигиена кои ги уништуваат добрите бактерии)
ЛЕК ЗА ВОСПАЛЕНИ ЈАЈНИЦИ И БЕШИКА
Рецепт: Мартин Најдовски
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.
Сè што треба да направите е на хигиенска влошка да ставите кантарионово масло, да се напрска добро со маслото и да се стави како облога. Ова се прави навечер и притоа се спие со облогата. Се повторува 2-3 пати и болката се смирува.
Прочитајте:
1.Природен лек за ешерихија коли – РЕЦЕПТ.
2.За 4 дена ослободете се од ешерихија – РЕЦЕПТ.
3.Како се лекува цистит – ОВДЕ.