Лек од 4 дена против ешерихија и останати бактерии во мокрача: 5 години се борев додека го најдов леков!

Со ешерихијата се борев повеќе од пет години и апсолутно ништо не ми помагаше. Случајно го дознав овој лек, малку е потешко да се најдат состојките, но кој има мака – ќе се потруди. Мене само ова успеа да ми ја излекува бактеријата и еве веќе цела година поминав без ниедно воспаление. Мислам дека дефинитивно треба да се проба, ако си имате мака како што си имав јас.

Потребни состојки:

1 супена лажица смрекинки (бобинки од смрека)

1 супена лажица пченкарна свила

1 супена лажица коњско опавче

1 супена лажица Ува (увин чај)

1 литар газирана вода

4 лимони

40 капки Уросепт (или било кои други капки за бубрези и мочен меур)

Постапка:

Сите тревки ставете ги во еден сад и прелијте ги со зовриена газирана вода. Поклопете и оставете еден час да отстои, па тогаш процедете.

Во процедената течност додадете 1 литар газирана вода, сок од четири лимон, 40 капки Уросепт и промешајте.

Складирајте во 4 шишиња од половина литар и тоа е количина потребна за 4 дена.

Се пие по 250 мл наутро, после појадок (не веднаш после јадењето, после половина до еден час откако сте појадувале) и 250 мл навечер, после вечерата.

Овој лек не смеете да го пиете кога ќе ви текне, туку можете да го повторите дури после 4 месеци. За секој случај, ако сте скептик понатаму откако ќе се излечите, може да го пиете еднаш годишно, онака, колку да се ослободите од можни бактерии во уринарниот тракт.

Сите треви се СУВИ а не свежи!

И додека се пие овој лек, НЕ СМЕЕ да се пие ниту да се консумира брусница!

Loading...