Лек за сите болести: смеса од чувар куќа, ѓумбир, мед, цимет, лук, лимон

Оваа смеса се консумира по една лажица наутро на гладно, или трипати дневно по мала лажичка пред оброк.

Служи за зајакнување на имунитетот, за чистење на крвта, за лекување на крвни садови затнати од плаки, за топење на цисти и миоми, за разни болести на респираторниот тракт, за подобрување на дигестивниот тракт, за регулирање на крвниот притисок, за регенерација на црниот дроб… Речиси за сите болести.

Потребни состојки:

300 г лист од чувар куќа
300 г ореви
100 г суво грозје
1 корен од ѓумбир
1 главица домашен лук
1-2 домашни лимони со кора
1 супена лажица цимет
500 г мед

Loading...

*Количините можете да ги зголемувате или намалувате

Постапка:

Намирниците се мијат убаво, а потоа се мелат и се соединуваат во компактна смеса. Добро е да најдете домашни лимони зошто потребно е да се сомелат со нивната кора. Потрудете се и најдете барем еден лимон.

Оревите не мора да бидат ситно мелени, може да бидат и крупно сечкани. Сувото грозје не мора да го сечкате, но за подобро соединување можете грубо да го исечкате и него. На крај соединувате со мед и целата смеса ја складирате во тегли завиткани од надворешната страна со алуминиумска фолија.

Смесата се чува во фрижидер. Откако ќе отстои неколку дена, до една седмица, може да започнете со консумација. Се консумира по една супена лажица наутро на гладно, секој ден, или трипати дневно по едно мало лажиче пред јадење.

Истражувањата покажале дека Чуварот содржи органски киселини, флавониди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство. Една од најчестите употреби е против ушни заболувања. Народниот рецепт вели да се капнат 2-3 капки во болното уво и да отстојат неколку минути. Наводно компонентите од растението доведуваат до растворање на церуменот и ги олеснуваат симтомите.

Освен за надворешна употреба, ова растение може и да се консумира како чај, сок или како мешавина со мед. Помага при дијареа, болки во стомакот, менструални болки, изгореници и убоди од инсекти, жуљеви на стапалата.

ЧАЈ: Неколку листови од Чуварот се преливаат со 200 мл вода и се остава да отстои 2 часа. Потоа се прецедува и се пие по неколку голтки пред јадење.

Мешавина со мед: 300 г лист од чувар куќа се меле и се меша исто толку мед. Се чува во фрижидер и се консумира на гладно.

СОК: Се блендираат десетина листови, со 1 чаша вода и се пие на гладно, половина час пред јадење

Loading...