Лек за исфрлање на секретот од белите дробови и синусите! За 2 дена престанува кашлицата

Секој период е ризичен за луѓето со ослабен имунитет, хронична слабост на белите дробови, децата, старите, пушачите…

Затоа, превземете некои чекори за зајакнување на имунитетот, а со гоа да го намалите ризикот од инфекции.

Доколку ве префати некоја вироза која лесно ги напаѓа белите дробови, за кратко започнуваат измачувачките тегоби со органите за дишење.

Покрај отежнатото дишење, можат да се појават и други симптоми, како што се засилено лачење на секрет од синусите, кој се слева во белите дробови.

Секретот ги дразни белите дробови кои преку кашлањето, на природен начин се ослободуваат од слузта која се лепи и таложи.

За да си помогнете и полесно да се ослободите од секретот, направете го овој едноствен домашен лек, чии состојки се природни и вкусни.

После само два дена од консумирањето, вие ќе се ослободите од секретот, а кашлањето ќе престане.

Потребни состојки:

•1 литар вода
•20 парчиња чист локум (без додатоци и ароми)
•20 тврди, зелени ментол бонбони (има и без шеќер)
•неколку ливчиња од билката Слаткарче, позната кај народот уште под следниве имиња: Барбароза, Итер, Розетка. (лат. Pelargonium gravedens)

Постапка:

Домашен лек со локум и ментол за исфрлање на секретот од белите дробови и синусите!

1.Во еден литар вода се додаваат 20 парчиња чист локум.

2.Смесата се вари на умерена температура, додека течноста да се преполови.

3.Пред крајот се додаваат 20 ментол бонбони, па се меша додека тие да се растопат.

4.Се трга од оган па се додаваат неколку ливчиња (по вкус, 2-3) Слаткарче.

5.Сирупот се складира во стаклено шише и се чува во фрижидер.

Употреба:

Се пие по една голема лажица, трипати на ден, пред оброк. За деца, по една чајна лажичка.

Се пие неколку денови додека да се смири кашлицата, но резултатите се очекуваат после 2-3 дена.

Loading...