Home ТЕСТО Леб за здравје од 5 состојки (5 минути), без брашно и без...

Леб за здравје од 5 состојки (5 минути), без брашно и без квасец

Здрав леб од пет состојки за пет минути

Овој леб е идеален избор за оние што бараат здрава, вкусна и лесна опција за секојдневно уживање.

Без брашно и квасец, овој рецепт комбинира состојки богати со влакна, омега-3 масни киселини и растителни протеини, кои го поддржуваат варењето, го стабилизираат шеќерот во крвта и обезбедуваат долготрајно чувство на ситост.

Подготовката е едноставна, а резултатот е леб со крцкава кора и мека, лесно „оревна“ структура, совршен за појадок, супи или здрави сендвичи, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

– 135 г ленено семе (сомелено во мелница за кафе)
– 70 г овесни снегулки (сомелени во брашно)
– 40 г псилиум лушпи
– 0,5 лажичка сол
– 2 лажички прашок за печиво
– 2 лажици семки (по избор)
– 340 мл топла вода
– НМД

Состојки за сос

– 2 лажици цврст јогурт или кисела павлака
– Свежи билки (копар, магдонос)
– 1 чешне лук
– 1 лажичка сок од лимон
– 1 мала краставица (ситно рендана и исцедена)
– 1 лажица маслиново масло
– Сол (по вкус)
– Црн пипер (по вкус)

Постапка

1. Загрејте ја рерната на 180 °C. Подмачкајте огноотпорен сад со маслиново масло и обложете го со хартија на дното, па и неа малку намачкајте ја.

2. Во длабок сад измешајте ги меленото ленено семе, мелените овесни снегулки, псилиум лушпите, солта, прашокот за печиво и семките.

3. Направете вдлабнатина во средината на смесата и постепено додавајте ја топлата вода. Мешајте додека да се формира хомогено тесто.

4. Префрлете го тестото во подмачканиот сад, намачкјате го со малку вода и посипете го со дополнителни семки или ленено семе, лесно притискајќи ги за да се залепат.

5. Печете во загреана рерна 50 минути под капак или додека лебот добие златнокафеава боја. По 40 минути, отстранете го капакот за да се формира крцкава кора.

6. За подготовка на сосот, во сад измешајте ги јогуртот, ситно исечканите билки, ситно ренданиот лук, сокот од лимон, исцедената краставица, маслиновото масло, солта и црниот пипер. Мешајте додека смесата стане кремаста.

7. Откако лебот ќе се испече, оставете го да се излади пред сечење. Послужете го со подготвениот сос.

Овој леб е без глутен, богат со влакна и омега-3 масни киселини, што го прави одличен избор за здрава исхрана.

Псилиум лушпите го одржуваат лебот свеж и мек подолго време, а можноста за додавање ореви, суви домати или зачини ви овозможува да го приспособите според вашиот вкус.

Уживајте во секој залак! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: