Home ТЕСТО Леб за здравје (5 минути), без квасец и без брашно, со семки...

Леб за здравје (5 минути), без квасец и без брашно, со семки и оригано

Здрав леб без брашно и квасец за 5 минути

Овој рецепт за здрав леб е вистински избор за сите што сакаат вкусна, хранлива и лесна опција без глутен.

Подготовката на тестото трае само пет минути, а резултатот е ароматичен леб богат со семки, јаткасти плодови и природни состојки.

Совршен за секој оброк, овој леб се комбинира со вкусен сос од цвекло, кој додава посебна свежина и го прави идеален за уживање со семејството или гостите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За лебот:
– 60 г тиквени семки
– 140 г сончогледови семки
– 1 лажица сусам
– 60 г ленено семе
– 20 г псилиум во прав
– 10 г прашок за печиво
– Сол по вкус
– 1 лажичка оригано
– 3 јајца
– 100 мл вода
– 30 мл маслиново масло
– 50 г ореви
– НМД

За сосот:

– 1 варено цвекло
– 1 чешне лук
– 1 лажица сок од лимон
– 2 лажици маслиново масло
– Сол по вкус
– Црн пипер по вкус

Постапка

1. Загрејте ја рерната на 180 °C. Подгответе огноотпорен сад со намастување со малку растително масло.

2. Во тавче, на средна температура, лесно пропржете ги тиквените и сончогледовите семки, мешајќи постојано за да не загорат. Оставете ги настрана да се изладат.

3. Во сад ставете половина од сусамот. Другата половина сомелете ја во блендер. Исто така, сомелете половина од лененото семе во мелница за кафе.

Во садот со сусам додајте ги целите и мелените ленени семки, псилиумот, прашокот за печиво, солта и ориганото. Добро измешајте ги сувите состојки.

4. Во друг сад изматете ги јајцата, додајте ја водата и маслиновото масло, па мешајте додека смесата стане хомогена. Додајте ја оваа влажна смеса во садот со сувите состојки и добро измешајте.

5. Оставете го тестото да отстои 15 минути за да се згусне. Потоа, со намастени раце или со шпатула, обликувајте го тестото во саканиот облик и ставете го во подготвениот плех.

6. Премачкајте го тестото со малку вода и посипете го со тиквени и сончогледови семки. Печете во загреаната рерна 40–45 минути или додека лебот добие златно-кафеава боја.

7. Додека лебот се пече, подгответе го сосот. Во блендер ставете го вареното цвекло, чешнето лук, сокот од лимон, маслиновото масло, солта и црниот пипер. Блендирајте додека да добиете мазна смеса.

8. Откако лебот ќе се испече, оставете го да се излади пред сечење. Послужете го со сосот од цвекло.

Овој здрав леб е идеален за секој што сака да ужива во хранлива и вкусна алтернатива на класичниот леб. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: