Достојна замена на вистинскиот колач кој се нарекува „Унгарка“ – царица на домашните колачи… Ова е една брза верзија, а колачот е превкусен и прелесен за подготовка. Еве што ви е потребно според рецептот на Валентина:
Потребни состојки:
800 мл вода
5 лажици шеќер
200 г чоколадо за готвење
1 маргарин/путер (250 г)
1 кг бисквити (спорт кекси)
За глазура:
500 мл слатка павлака за шлаг
200 г чоколадо за готвење
Постапка:
Сите наведени состојки ставете ги во тенџере на шпорет и оставете да зоврие, па кога сето ќе се растопи и изедначи, тргнете го тенџерето настрана. Истурете ги внатре бисквитите и со лажица промешајте ги (цели) да ја впијат течноста.
Ако користите обични петит или други бисквити, искршете ги со рака. Смесата излејте ја во калап (30х40 см) израмнете и одозгора прелијте со чоколадна глазура по ваш избор или ганаш.
За глазура: слатката павлака на загрејте ја на ниска температура, не смее да зоврие, па во неа растопете го чоколадото и прелијте преку колачот. Оставете на собна темпеартура глазурата да се стегне, па дури потоа потоа изладете во фрижидер.
Валентина / сoolinarika.сom