Ќе се изненадите колку лесно се приготвува, а притоа сите потребни состојки се евтини и здрави. Лажната пица од од тиквички е одличен оброк за вечера, но и за ручек. Освен тоа, не мора стриктно да се придржувате кон рецептот, бидејќи можете да додавате и состојки по ваш избор. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 650 г тиквички (3 со средна големина), 300 г домати, 150 г рендан кашкавал (моцарела, ајдамер, мешан или по избор), 3 јајца, 2 супени лажици кисела павлака, 5 супени лажици брашно, 1 мала лажичка италијански зачин (или зеленчуков зачин по избор), 1/2 мала лажичка лук во прав, по желба малку свеж копар, магдонос и сл.




ПОСТАПКА: Тиквичките убаво измијте ги под млаз ладна вода, отстранете им ги дршките, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето без да ги лупите. Во лушпата од тиквичките се кријат најмногу хранливи материи, па затоа доколку тиквичките не се премногу стари, не лупете ги.




Потоа на истото ренде (од крупната страна) изрендајте го кашкавалот по ваш избор. Доматите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на тенки тркалца со дебелина од неколку милиметри. Исто така, ситно исечкајте го и зеленилото по ваш избор (магдонос, копар…) во количина од една рака.




Ренданите тиквички ставете ги во некој поголем сад во кој ќе можете полесно да ја измешате смесата. Нема потреба од нивно процедување. Додајте три јајца, киселата павлака, зачините по вкус и ваш избор.




Измешајте со лажица додека сите состојки да се изедначат рамномерно. Ќе забележите дека тиквичките веднаш ќе омекнат. Потоа додајте 4-5 супени лажици до врв полни. Прво додајте четири лажици, промешајте, па по потреба додајте уште малку брашно ако сметате дека смесата е ретка.




Плехот од рерна обложете го со хартија за печење и врз неа истурете малку масло. Намастете ја хартијата со четка. Потоа истресете го тестото внатре, распоредете го рамномерно и израмнете ја површината.




Одозгора наросете рендан кашкавал, наредете тркалца од домати и посолете. По желба наросете сув босилек, оригано или италијански зачин. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути.