Нашите баби често на предупредуваа да носиме влечки и чорапи бидејќи во спротивно ќе ни се прелади долниот дел од стомачето. Иако тоа не го сфаќавме за сериозно, бабите во голема мера биле во право. Често се случува кога имате студени стапала да имате потреба за често уринирање. Овој феномен се нарекува ладна диуреза.




Причините зошто се јавува ладната диуреза не се целосно јасни. Една теорија е дека кога температурата на телото опаѓа, телото се обидува да ја запре загубата на топлина со стеснување на кр-вните садови и намалување на протокот на к-pв на површината на кожата.




Кога тоа ќе се случи, вашиот кр-вен притисок се зголемува бидејќи истиот волумен на к-pв тече низ помал простор. Како одговор, бубрезите ќе исцедат вишок течност за да го намалат кр-вниот притисок.




Не постои ограничување на температурата што ќе предизвика ладна диуреза. Појавата на ладна диуреза е под влијание на возраста, полот, индивидуалниот организам, па дури и држењето на телото. Диурезата може да се намали со вежби кои ја стимулираат циркулацијата.




Една од најчестите причини за појава на студени нозе е слабата циркулација, што значи дека кр-вта не циркулира добро во пределот на нозете, а најчесто тоа се случува и во рацете.




Лошата циркулација може да биде предизвикана од недоволно движење или седентарен начин на живот, а во овој случај се препорачува пешачење барем половина час во денот.




Лошата циркулација, исто така, може да биде предизвикана од згрутчување на кр-вта, што може да доведе до други здравствени проблеми. Ако се сомневате во згрутчување на кр-вта или веќе имате семејна историја и циркулацијата ви е слаба, консултирајте се со вашиот лекар.




Сепак експертите предупредуваат дека оваа состојба може да има и друго значење, а позади тоа се кријат други здравствени проблеми. На пример, доколку постојано сте под с трес, нивото на адреналин се зголемува, а за возврат настанува вазоконстрикција на кр-вните садови кои ја ослабуваат циркулацијата.




Ладните дланки и стапала се најчесто поприсутни кај жените отколку кај мажите. Сепак, доколку имате хроничен проблем со ладни дланки и стапала, тоа може да биде знак за анемија. Важно е да направите кр-вна анализа, бидејќи можно е да имате недостаток на железо.




Доколку ладните дланки и стапала се пропратени со чувство на трнење, тоа може да укажува на предијабетична состојба. Шансите за добивање на дијабетес се поголеми доколку имате семејна историја на оваа болест.




Покрај тоа, често може да ви се случува да сте жедни и гладни, но вие ја намалувате вашата тежина. Ако ги имате овие симптоми, проверете го нивото на шеќер во кр-вта. Последно, ладните стапала и дланки може да укажуваат на проблеми со тироидната жлезда.

Забавената работа на тироидната жлезда (хипотироидизам) доведува до успорување на метаболизмот, а често е придружена со ладни раце и нозе. Заморот, мрзеливоста, честата поспаност и тешкото поднесување на високи температури се очигледни знаци за ова нару-шување.