КУЌАТА СО ДЕНОВИ МИРИСА ПРЕУБАВО: Сите ќе ве прашуваат од каде ви мириса толку добро во домот

Лесен и евтин начин за освежување на воздухот во вашиот дом. Кога ќе видите колку е лесно да се направи, никогаш повеќе нема да купувате скапи освежувачи кои некогаш се и штетни.

Ќе ви покажеме на два начина како да направите освежувачи и да внесете пријатен мирис во секоја просторија од вашиот дом. Нема нешто поубаво од тоа, кога ќе влезете во вашиот дом или некоја просторија, а ве пречека неодолив, освежителен мирис…

Еве што треба да направите. Потребни состојки: тегличка од миризлива свеќа, тегличка со лимен капак, шрафцигер, чекан, виљушка, сода бикарбона, етерично масло

Прва верзија: Во користена тегла за свеќи ставете сода бикарбона. После тоа, додајте есенцијално масло по ваш избор (лимонска трева, портокал, лаванда…) околу 10 капки. Со помош на виљушка добро измешајте ги сода бикарбоната и маслото.

Овој освежувач можете да го користите не само за бањата, туку и за просторијата во која престојувате. За целосно да се долови атмосферата, можете да ставите мала свеќичка во садот. На овој начин ќе добиете двојна корист. Истовремено ќе имате и освежувач и свеќа како украсен детаљ.

Втора верзија: За овој начин потребна ви е само една тегла со лимен капак. Исто така, ќе ви биде потребен и алатот, шрафцигер и чекан.

Користејќи ги овие алатки, направете 5 дупки низ кои ќе излегува и ќе се шири освежителниот мирис. Постапката е иста како и во првата верзија. Додајте сода бикарбона и есенцијално масло.

Добро промешајте и иситнете со виљушката за да не останат грутчиња, па затворете со капакот и освежувачот на воздухот е подготвен да го направи вашиот простор пријатен и миризлив.

ДОМАШЕН РАСПРСКУВАЧ ЗА ЗАВЕСИ И МЕБЕЛ ОД ТЕКСТИЛ ОД КОЈ КУЌАТА МИРИСА СОВРШЕНО

За да направите домашен освежувач на воздухот, потребни ви се: 4 лажички сода бикарбона, 2 капки масло од лаванда и 3 чаши вода

Сè што треба е да ги измешате овие состојки во еден сад, па потоа да ги преточите во чист сад со распрскувач. Користете по потреба. Прскајте врз завеси, драпери, украсни перничиња, теписи…

Мирисот и свежината која ќе ја преплави просторијата ќе го воодушеви секој ваш гостин. Напомена: некои еденцијални масла не се препорачуваат за бремени жени, па во таков случај консултирајте се со вашиот лекар.

Исто така, можете да ставите на оган тенџере со вода, во кое сте додале неколку стапчиња цимет, канфилче, ванила, кора од портокал или некој друг зачин кој вам пријатно ви мириса. Оставете да врие, а испарувањата да ја исполнат вашата просторија и истовремено ќе направите ароматерапија.

Претходна статијаЧУВАРКУЌА: Сојузник за нега на масна кожа, избелување на темни дамки и белези од акни
Следна статијаБОЖЈО ЧУДО: Кој го пие овој чај, тешко дека некогаш ќе се разболи