Сигурно во вашиот тефтер досега сте запишале неколку рецепти за куглоф, но не пропуштајте го ниту овој и задолжително пригответе го за Новата година или некоја друга свечена пригода, нема да се покаете.

рецепт 1

Освен што е вкусен и лесен за подготовка, исто така, совршен е за подарок. Едноставно завиткајте го во проѕирна фолија со машна, а домаќините ќе бидат многу позитивно изненадени.

Првиот рецепт кој ви го предлагаме е многу декоративен, содржи суво овошје и ореви и прелиен е со бела глазура, а вториот е целиот чоколаден, за вистинските љубители на чоколадото. И давата колачи се брзи, лесни (10-минутини) и невеpојатно вкусни, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 г шеќер, 1 прстофат сол, 240 мл млеко (1 чаша), 100 мл масло, 270 г брашно (2 чаши), 1 кесичка прашок за печиво (12 г). ЗА ФИЛ: 50 г суво грозје, 50 г кандирано суво овошје (ананас, ѓумбир..), 30 г ореви, сок од 1/2 лимон. Бела глазура: 200 г шеќер во прав, 3-4 лажици лимонов сок

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 1.5 чаша шеќер (270 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 чаша масло за готвење (200 мл), 1 чаша цврст јогурт или кисела павлака (220 г), 3 супени лажици какао во прав (45 г), 2 чаши брашно (250 г), 1.5 кесичка прашок за печиво (16 г), 1 прстофат сол.

За прелив: 1,5 чаша млеко (300 мл), 4 супени лажици шеќер (60 г), 4 супени лажици масло за готвење (50 мл), 2 супени лажици какао (30 г), 100 г чоколадо. За глазура: 100 г растопено чоколадо




ПОСТАПКА за рецепт 1: најпрво исечкајте го сувото овошје, помешајте го со сувото грозје, па прелијте го со лимонов сок. Додајте ги сечканите ореви и промешајте. Во подлабок сад пенасто изметете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол. Матете додека тие да згуснат, а шеќерот да се растопи.




Потоа додајте го маслото и млекото, полека додека матите, а најпосле додајте го просеаното брашно помешано со прашокот за печиво. Матете со бавна брзина на миксерот сè додека да добиете изедначено, хомогено, полутечно тесто без грутчиња.




Калапот за куглоф добро намастете го со путер/магарин и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Излејте половина од тестото, посипете ја мешавината од ореви и суво овошје (оставете малку за декорација), па залијте со остатокот од тестото.




Куглофот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час. Проверете со чепкалка кога е готово и оставете да се олади. Внимателно превртете го врз десерна чинија, прелијте го со белата глазура и декорирајте. За бела глазура:




Мешајте го шеќерот во прав со лимонов сок кој се додава постепено сè додека да добиете густа смеса со аморфна конзистенција. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Постапката за вториот рецепт (чоколадниот куглоф) е речиси полесна дури и од првиот:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Пенасто изматете ги јајцата заедно со шеќерот и ванилата додека да згуснат и побелат. Потоа додајте го маслото во тенок млаз, а потоа и јогуртот (или киселата павлака). Во смесата додајте 3 супени лажици какао во прав, па промешајте додека да се изедначи и да нема грутчиња.




Во посебен сад измешајте ги сите останати суви состојки: брашното, прашокот за печиво и прстофат сол. Сувите состојки започнете постепено да ги додавате во течните. Мешајте со маталка или со миксер (најбавна брзина) за да не се направат грутчиња.

Калапот за куглоф добро намастете го со путер, на дното и страните. Излејте ја изедначената смеса, протресете го калапот и неколкупати потчукнете го од подлогата за да излезат евентуалните меурчиња.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175-180 степени околу 50-55 минути. Кога е печен избоцкајте го на повеќе места и залијте го со преливот (сите состојки загрејте ги во тенџере додека да се растопат, но да не зовријат). Оставете 15 минути да се впие, па превртете го врз десертна чинија и декорирајте го со растопено чоколадо.