Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – “Крцкав бурек за 10 минути”. Одличен оброк кој можете да го приготвувате било кое време кога сте во брзање, за појадок или вечера, а може и за раучек, зошто да не. Послужете го со чаша јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки: 1 јајце, 80 г путер, 100 мл јогурт или млеко, малку сол по вкус, готови кори за пита, урда или сирење, лебни трошки (презла). Пита-бурекот се пече во загреана рерна  на 220 степени, околу 10-20 минути или колку да зарумени, во зависност од рерната.

Постапка: Во еден длабок сад ставете едно јајце, 80 мл масло за готвење, 100 мл јогурт или млеко, посолете по вкус и промешајте со виљушка додека да се изедначат состојките. Ова ќе биде смесата за прелив со која ќе се премачкуваат готовите кори за пита.

Отворете ги корите, а доколку не можете да најдете со форма на триаголник, тогаш оние правоаглестите можете да ги засечете, преполовите, но секако можете да ги виткате и во форма по ваш избор. Земете една кора и премачкајте ја со преливот преку целата површина.

За премачкување користете силиконска четка, за најдобро нанесување. Откако ќе ја премачкате кората, на поширокиот крај нанесете сирење или урда (или фил по ваш избор). Потоа свиткајте ги краевите за да не истекува филот и започнете да виткате во ролничка.

Свитканата ролничка рако пура тргнете ја на страна, па земете нова кора и неа премачкјате ја. Повторувајте ја постпката додека да ви се потрошат корите и материјалот. Потоа секоја ролничка убаво натопете ја од сите страни во преливот што преостана.

Може да ги наредите во некој плех, па одозгора да ги прелиете или да ги премачкате со силиконска четка од сите страни, а потоа да ги валкате во презла. како ви е полесно, така направете. Значи, откако убаво ќе ја натопите секоја од ролничките, извалкате ја во презла од сите страни.

Вака приготвените бурек-питички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во загреана рерна на 220 степени да се печат околу 20 минути или додека да заруменат, во зависност од вашата рерна. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.