Ако секоја пролет жaлитe за сармите како мене и едвај чекате да дојде есен за повторно да можете да ги јадете, тогаш ќе ви го кажам моето најново откритие, па сега можам да јадам сарми и преку лето и да уживам. Со 2 кг кромид излегуваат сарми за 2 дена да имам ручек. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 поголеми главици кромид (околу 2 кг), 400 г ориз (2,5 и пол шолји). ЗА ФИЛ: 1 кромид, магдонос, 200 г мелено месо, 1 голема лажица доматен сос, 5 големи лажици маслиново масло, 1 мала лажичка црн пипер, 1 мала лажичка мајчина душица, 1 мала лажичка сол. ЗА СОСОТ: 1 голема лажица доматен сос, 5 големи лажици маслиново масло, 800 мл вода или 5 големи чаши.




ПОСТАПКА: главиците кромид излупете ги и секоја пресечете ја од едната страна само до половина. Главиците треба да останат цели, само од едната страна да имаат рез кој ќе овозможи подобро да се сварат во водата. Потоа ставете ги во поголемо тенџере и прелијте ги со вода.




Прелијте ги со врела вода и вклучете ја ринглата на средна температура. Тенџерето покријте го со капак и оставете да се варат 20 минути. Варените главици кромид извадете ги од водата на чинија и оставете да се оладат додека го подготвувате филот.




ЗА ФИЛОТ: во сад врз кој сте ставиле цедалка измијте го оризот. Првата вода истурете ја, а потоа прелијте го оризот со нова вода и ставете да се кисне 15 минути. Земете една нова главица кромид и исечкајте ја на ситни коцки. Оваа главица ќе биде потребна за филот.




Магдоносот исто исечкајте го ситно и соединете го со кромидот. Потоа додајте го меленото месо и зачинете по ваш вкус со црн пипер, сол, мајчина душица, а на крајот додајте малку доматен сос и маслиново масло. Измешајте ги состојките додека целосно да се соединат.




Во оваа смеса се додава варениот ориз, кој се процедува од водата каде што се киснел и се вмешува во смесата со месо. Филот е подготвен, па следно почнете со вадење на листови од кромидот. Секоја главица кромид внимателно одделувајте ја од секој нејзин слој, ќе ви излезат многу слоеви.




Крајниот дел од кромидот зачувајте го настрана бидејќи од него не можете да извадите слоеви, но можете да ставите да се вари заедно со другите сармички. Во секој лист кромид полнете по 1 лажица од филот и завиткајте како елипсовидно топче кое лесно се затвора (погледнете го видеото подолу).




Вака подготвените сармички редете ги во тенџере, исто како што редите и сарми. Потоа направете го сосот од домат маслиново масло и вода. Со него прелијте ги сармичките кои убаво сте ги наредиле во тенџерето. Врз сармите ставете една превртена чинија и покријте со капак.




Ставете да се готви на тивко околу 50 минути. Сармичките излегуваат многу убави и имаат вкусен шмек, а мирисот на кромид не останува долго време, туку е пријатно и деликатно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.