Кромид печен во фолија – Ништо послатко не сте јаделе досега…ммм…

Вкусот на вака приготвениот кромид ќе ве остави без текст, навистина мора да пробате. Не само што е многу вкусно, туку е и многу здраво.

Зе секоја пригода и за секакво јадње, печениот кромид е одличен прлог. Не го пропуштајте овој рецепт!

Потребни состојки:

4 главици кромид
1 лажичка сол
4 супени лажици маслиново масло
4 прстофати оригано
4 прстофати лук во прав
4 прстофати црн пипер во прав
неколку листови рузмарин

Постапка:

Главиците кромид излупете ги од надворешната лушпа, но внатрешните кои обично ги фрламе исто така, овојпат оставете ги. Убаво измијте ги со ладна вода и отстранете ја евентуалната нечистотија.

Секоја главица кромид ставете ја на лист алуминиумска фолија. Потоа секоја главица исечете ја на четири делови, но не сечете до крај, оставете ја основата целосна. Потоа направете уште неколку засеци, кромидот да добие форма на цвет.

Потоа секоја главица кромид прелијте ја со супена лажица маслиново масло и наросете ја со сол, црн пипер, лук во прав и прстофат оригано. Ставете и малку рузмарин.

Со алуминиумската фолија направете пакетче и секоја главица кромид добро спакувајте ја да не истекуваат соковите при печењето. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Сервирајте како прилог на главното јадење со месо или риба.

Претходна статијаОва е најдобриот начин да се приготви крцкава пита од готови кори – со овој прелив питата се топи во уста
Следна статијаСеротонинска диета – го регулира апетитот и ве тера на смеење, на природен начин