За отстранување на страечките дамки направете маска од ленено семе. А пак, со кромид и сапун ќе направите нешто што вашата кожа ќе ја направи бела како снег и мазна и чиста како стакло. Најдобриот природен колаген за кожата!
Нанесете на лицето и ќе добиете мазна кожа, без дамки, без лузни, без акни…Мазна кожа без брчки. Денес ќе ви откријам 2 рецепти. Крем кој го осветлува тонот на кожата, ги измазнува несовршеностите и го изедначува тенот.
И, една од моите омилени маски за лице со кромид. Кромидот го стимулира производството на колаген кој се бори против брчките, ги осветлува темните дамки и ги отстранува пигментираните точки.
Кромидот е можен регенератор на клетките. веќе по првата апликација се забележуваат резултати! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица црвен кромид, 100 мл вода од роза, 1 супена лажица скроб/нишесте, 3 супени лажици рендан сапун, 1 чајна лажичка бадемово масло. За вториот рецепт: 1 лажица мелено ленено семе, 1 лажичка мелено кафе, 2 лажици маслиново масло
Пред употреба на крем/маска за лице, брз разлика дали е купечки или домашно направен, треба да направите тестирање пред да истиот да го нанесете на нежната кожа од лицето.
Најпрво нанесете малку од кремот на мала површина од внатрешната страна на раката и почекајте 30 минути. Ако нема никакви реакции, тогаш тој производ е безбеден за вас.
ПОСТАПКА: Земете една главица црвен кромид и излупете го. Изрендајте го и процедете го сокот низ густа газа. Сокот употребете го за овој рецепт, а она што ќе остане од пулпата, сочувајте го за вториот рецепт.
Розовата вода можете да ја замените со дестилирана вода или со вода од лаванда. Сипете ја во еден сад заедно со сокот од кромид и додајте една лажица пченкарен скроб. Добро промешајте за да нема грутчиња. Потоа ставете на рингла и загревајте на ниска температура со непрекинато мешање.
Кога смесата ќе згусне и стане кремаста, тргнете го садот од оган и претурете го во друг сад за полесно да се олади. Во мешѓувреме изрендајте го сапунот, а најдобро е да користите бебешки, но може и некој што најдобро ви одговара според типот на кожата.
Додајте го во млаката, оладена смеса и мешајте додека да се раствори. Потоа додајте една мала лажичка бадемово масло и мешајте додека да се апсорбира. Кремот чувајте го во добро затворен сад во фрижидер, до две недели.
УПОТРЕБА: трипати неделно на чиста кожа на лицето и вратот. Избегнувајте ја областа околу очите. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте се со млака вода. Избришете со мека крпа, па нанесете хидрантен крем или масло.
Веќе после првата апликација ќе ги забележите резултатите. А сега следи еден од моите омилени рецепти со ленено семе. Тоа има способност да ги затегнува опуштените делови од кожата.
Сомелете една супена лажица ленено семе и една мала лажичка зрна од кафе, па додајте ги пулпата од кромидот. Додајте две лажици ладно цедено маслиново масло. Многу добро промешајте додека да се изедначи смесата.
Оваа смеса не се чува, туку веднаш се употребува. Нансете на лицето, вратот и деколтето во подебел слој. Оставете да делува 20 мнути, па исплакнете со млака вода. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.