Ќе ви претставиме два рецепти, едниот од варен компир од кој се приготвуваат мини компирови пирошки, а од вториот рецепт се приготвуваат овие вкусни компирови крокети,но од пирето кое ви останало или од претходно приготвено пире.

Кој рецепт повеќе ви одговора во дадениот момент, тој искористете го. Компировите крокети-пирошки се идеални самостајно како појадок, но исто така може да бидат идеален гарнир со месо или било кое друго јадење.

РЕЦЕПТ 1 – Наједноставниот појадок готов за неколку минути – пирошки со компир

Многу вкусни и едноставни мини пирошки. Потребни состојки: 750 г компир, 100 г брашно, 1 лажица сув зачин (вегета), 150 г кашкавал, 40 г маргарин/путер, 2 жолчки, мускатно оревче. За похување: презла, јајце, масло за пржење

Постапка: Компирот сварете го во лушпа, излупете го и испасирајте го. Додадете брашно, зачини, рендано оревче, жолчки и путер.

Убаво промешајте и измесете додека да добиете изедначено тесто. Обликувајте крокети, а во секое втиснете стапче кашкавал.

Вака добиените крокети валкајте ги во брашно, па во јајца, па во лебни трошки и пржете ги умерено загреано масло. Може да ги јадете самостојно, но може и како прилог со месо.

РЕЦЕПТ 2 – Крокети: вкусни и крцкави однадвор а меки одвнатре – не го фрлајте пирето што ќе ви остане

Фотографија и рецепт на Вишња Вишња. Драги домаќини и домаќинки, како вие го искористувате пирето што ќе ви остане? Јас од него правам крокети. Убави се и вкусни, крцкави однадвор а меки одвнатре.

Кога ќе ми остане пире од компир, а тоа обично се 5-6 лажици, јас во него додавам едно јајце и го соединувам матејќи со виљушка. Потоа додавам брашно и половина прашок за печиво.

Брашно додавам толку колку тестото да не се лепи на раце, но останува уште меко, но не се лепи многу на рацете. Потоа добро ја набрашнувам подлогата врз која го истурам тестото и го обликувам во валјак.

Со нож сечам парчиња, ги валам меѓу дланките и ги спуштам во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело за да не изгорат предвреме, значи крокетите пржете ги на умерен оган.

Исто така можете да ги валкате во презла пред пржење, но мене вака ми се убави. Напомена: не ставајте премногу брашно, тестото треба да биде меко, зошто ќе ви излезат тврди крокетите.

Втора варијанта: во пирето додадете издинстано бело месо со кромид. Па земете готови кори, на секоја трета ставајте фил и свиткајте. Добивате 4 ролати. Премачкајте со масло и печете до златно жолта боја. На крај прелијте со павлака : совршена пита.

Фотографија и рецепт на Вишња Вишња